Дојави за бомби во десетици училишта во Бугарија

March 27, 2023
1 min read

Проверките на „Дневник“ покажале дека профилот бил креиран пред два дена, односно на 25 март и на него биле споделени фотографии од оружје и повици за „истребување на човечката раса“, „бомбардирање на училишта, факултети и универзитети во Бугарија, Грција, Северна Македонија и остатокот од Европа“

Закани за поставени бомби денеска биле испратени на официјалните електронски пошти на десетици училишта во Софија, Бургас и Варна, соопштило бугарското Министерство за внатрешни работи, пишува „Дневник“.

Досега, по извршените порверки, во училиштата не е пронајден експлозив, но учениците се евакуирани.

Информациите кои што ги пренесува бугарскиот медиум речиси во детали потсетуваат на случаите со лажните дојави за бомби во училишта кои до неодамна беа секојдневие во новинските извештаи во земјава, пред Министерството за внатрешни работи да ги промени протоколите за постапување при вакви закани.

Што се однесува до денешните закани во Бугарија, се наведува дека на случајот работи оддел за сајбер-криминал, а заканувачката порака најверојатно е испратена од странство, јавува БНР.

Во полето за испраќач на електронската пошта било наведено името Јегор Сињански, кој тврди дека е претставник на организацијата „Слободна мизантропска легија на унибомбери“, чија цел е „да го уништи човештвото“ и да ги разнесе училиштата и факултетите.

На крајот од мејлот имало и профил на организацијата на руската социјална мрежа „Телеграм“.

Проверките на „Дневник“ покажале дека профилот бил креиран пред два дена, односно на 25 март и на него биле споделени фотографии од оружје и повици за „истребување на човечката раса“, „бомбардирање на училишта, факултети и универзитети во Бугарија, Грција, Северна Македонија и остатокот од Европа“.

Содржината од заканите била напишана на лош англиски јазик.

Денеска на профилот бил објавен и видео-материјал со снимка од експлозија во училиште. Сепак, како што наведува „Дневник“ од снимката јасно можело да се забележи дека била монтирана од материјали снимени од различни безбедносни камери, на кои е видлив датумот 17.10.2018 година. Некои од снимките во видеото се брендирани со логото на руската блог платформа Двач, за која не е потребна регистрација или креирање на профил.

Името на организацијата „Слободна мизантропска легија на унибомбери (Free Misanthropic Unabombers Legion) е позајмено од приказната за американскиот терорист Теодор Качински, осуден на доживотен затвор откако убил тројца и ранил повеќе од дваесет цивили. Качински го доби прекарот „Unabomber“, акроним за универзитетски и авио-бомбардер.

Извор: 360stepeni.mk

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MARKETING

Претходно

Пожар во подземна гаража, изгореа два автомобили во Скопје

Следно

Хакирана веб-страницата на француското Национално собрание

Latest from Blog

Здравствената состојба на Брус Вилис се влошува- актерот веќе не ги препознава членовите на семејството

На 70 години, актерот живее со фронтотемпорална деменција (FTD), прогресивно мозочно нарушување кое го трансформираше неговиот живот и ја преобликува реалноста на неговото семејство. Во март 2022 година, семејството на Вилис откри

Британски хирург си ги замрзнувал нозете, за да си ги ампутира- причината за осакатувањето е ужасна

Хопер во бројни интервјуа тврдеше дека морало да му бидат ампутирани двете нозе во 2019 година поради сепса и мистериозна болест. Неговата приказна привлече големо медиумско внимание, па дури и се обидел

Екс – стоперот на Сити „удри“ по Гвардиола!

ФОТО: Manchester City F.C./FB Мануел Аканџи го напушти Манчестер Сити за време на преодниот рок, по што индиректно го обвини Пеп Гвардиола за ситуацијата на „Етихад“. Каталонецот е на удар веќе некое

Сарамандов: Гевгелија ќе продолжи да се развива како успешна, модерна и урбана заедница

Градоначалникот на Гевгелија, Андон Сарамандов на настанот за промоција на својата кандидатура за втор мандат за градоначалник на општина Гевгелија истакна дека се работи посветено за општината да се развива како урбана

Националниот тим подготвен за победа над Лихтенштајн

Македонската фудбалска репрезентација утре од 18 часот на Националната арена „Тодор Проески“ во Скопје ќе го пречека Лихтенштајн во рамки на квалификациите за Светското првенство. По реми натпреварите со Велс и Белгија,
Go toTop