Северна Кореја истрела 2 балистички ракети со краток дострел

March 27, 2023
1 min read

АНКАРА (АА) – Северна Кореја денес истрела две балистички ракети со краток дострел кон Источното Море, соопштија Јужна Кореја и Јапонија, пренесува Анадолу.

Главниот секретар на јапонскиот Кабинет, Хироказу Мацуно, на прес-конференција во Токио изјави дека повторените акции на Пјонгјанг „претставуваат закана за мирот и безбедноста“ на овој регион.

Пјонгјанг го извршил лансирањето на ракетите во време кога американскиот носач на авиони на нуклеарен погон планира да одржи заеднички вежби во водите во близина на полуостровот.

Според јапонското Министерство за одбрана, „ракетите најверојатно паднале надвор од ексклузивната економска зона на Јапонија“, објави јапонската јавна радиодифузна мрежа НХК (NHK).

„Ракетите летаа околу 370 километри пред да паднат во морето“, соопшти началникот на Здружениот генералштаб на војската на Јужна Кореја, додавајќи дека лансирањето од областа Чунгува во покраината Северна Хвангае е регистрирано во периодот помеѓу 7:47 и 8 часот наутро по локално време“, објави новинската агенција Јонхап со седиште во Сеул.

Последното лансирање на ракети од Пјонгјанг се случи неколку дена откако Јужна Кореја и САД ја започнаа вежбата за амфибиско приземјување „Сангјонг“ (Двоен змеј) минатата недела.

Вежбата треба да заврши следниот понеделник.



На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS)..

Извор: www.aa.com.tr

VERO marketi

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Акар: „Околу 60.000 Сиријци од Туркије доброволно се вратија во својата земја по земјотресите“

Следно

Судир меѓу автомобил и мопед, едно лице заврши во болница

Latest from Blog

Коњановски: Наследството на Кирил и Методиј живее низ генерациите

Градоначалникот на Општина Битола, Тони Коњановски, упати честитка по повод 24 Мај – Денот на сесловенските просветители „Св. Кирил и Методиј“. Во честитката, Коњановски истакнува дека просветителската дејност и големото дело на

Божиновска со честитка за 24 Мај: Светите Кирил и Методиј го втемелија нашиот јазик, идентитет и иднина

По повод 24 Мај – Денот на сесловенските просветители Светите Кирил и Методиј, Сања Божиновска упати честитка до граѓаните, нагласувајќи го историското и духовното значење на делото на светите браќа за македонскиот

Божиновска со честитка за 24 Мај: Светите Кирил и Методиј го втемелија нашиот јазик, идентитет и иднина

По повод 24 Мај – Денот на сесловенските просветители Светите Кирил и Методиј, Сања Божиновска упати честитка до граѓаните, нагласувајќи го историското и духовното значење на делото на светите браќа за македонскиот
Go toTop