Ердоган: „Ќе работиме деноноќно додека не ги обновиме погодените градови од земјотресот“

March 27, 2023
1 min read

ИСТАНБУЛ (АА) – Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган уште еднаш истакна дека турските власти ќе направат сè што е потребно за да им помогнат на луѓето во областите погодени од разорните земјотреси на југот на Туркије, јавува Анадолу.

Ердоган ги посети погодените од земјотресот, кои престојуваат во Студентскиот дом во квартот Бујукчекмеџе во Истанбул.

„Нашата цел е за една година да го подигнеме на нозе регионот погоден од земјотресите со изградба на 319 илјади домови со сета потребна инфраструктура, како и општествени и деловни објекти, односно вкупно 650 илјади домови“, рече Ердоган.

Тој истакна дека во последните месец и половина по денот на земјотресот завршени се акциите за пребарување и спасување, реализирана е дистрибуцијата на итната помош и брзо се отстранети урнатините.

Додаде дека продолжуваат со изградба на привремени сместувачки објекти, како и со изградба на постојани домови.

Потсети дека граѓаните на Туркије се покрај погодените од земјотресите од првиот ден.

„Исто така, никогаш нема да ја заборавиме меѓународната помош, особено од пријателските и братски земји“, рече Ердоган.

Истакна дека во изминатите денови ги посетиле погодените градови од земјотресите каде присуствувале на свеченостите по повод почетокот на изградбата на новите станбени згради.

„Ќе работиме деноноќно додека не ги обновиме Кахраманмараш, Хатај, Адијаман, Малатија, Газиантеп и сите наши други градови кои претрпеа штети во земјотресите“, рече турскиот претседател.

Два разорни земјотреси со јачина од 7,7 и 7,6 степени според Рихтер на 6 февруари ги погодија јужните делови на Туркије со епицентар во Кахраманмараш.

Бројот на загинати во разорните земјотреси достигна 50.096.

Над 13,5 милиони луѓе во Туркије се погодени од разорните земјотреси, како и многу други на северот на Сирија.



На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS).

Извор: www.aa.com.tr

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Мартинез: Роналдо е важен за Португалија

Следно

Германија погодена од најголемиот штрајк на транспортните работници во последните децении

Latest from Blog

Ментално силните луѓе избираат каде да ја насочат својата енергија И ТОКМУ ЗАТОА ЖИВЕАТ ПОМИРНО, ПОСРЕЌНО И ПОСЛОБОДНО

Во секојдневната трка помеѓу работата, одговорностите, семејните улоги и постојаниот проток на информации, многу луѓе се наоѓаат себеси како талкаат таму каде што не треба – во имагинарни сценарија, претерано анализирајќи ги

ЏАМБО отвора нов современ маркет во Гевгелија на 13 декември

Европскиот реномиран бренд ЏАМБО (JUMBO) продолжува со успешна реализација на својата долгорочна стратегија за интензивен развој и пошироко позиционирање на македонскиот пазар. Оваа сабота, 13 декември 2025 година, компанијата пишува ново поглавје

Руте: Ние сме следната цел на Русија

Генералниот секретар на НАТО, Марк Руте, денес во Берлин изјави дека членките на Алијансата се следната цел на Русија. Тој на прес-конференцијата рече дека НАТО мора да вложи максимални напори за да
Go toTop