Повеќе нема дилеми дека досегашниот член на Ред Бул, Јан Диоманде се сели во Мадрид, и потпишува за тимот на Реал.
Оваа информација ја потврдија и „Кралевите“ со официјално соопштение по повод завршениот трансфер. Деталите беа тема секако, иако преселбата на Диоманде во Шпанија е нешто за кое што се говори во последните две недели.
Сега, откако се е договорено, тој е на пат за престолнината на Шпанија и ќе биде промовиран во најкус можен рок.
Извор: vecer.mk


