Путин: „Москва поставува тактичко нуклеарно оружје во Белорусија“

March 26, 2023
1 min read

АНКАРА (АА) – Со потегот што со сигурност ќе предизвика тензии во Украина, која е разорена од војната, и нејзините западни сојузници, Русија ќе ја заврши изградбата на специјален магацин за тактичко нуклеарно оружје во соседна Белорусија, изјави рускиот претседател Владимир Путин, известува Анадолу.

„Русија веќе ѝ го предаде на Белорусија комплексот ‘Искандер’, во кој може да се складира нуклеарно оружје“, изјави Путин во интервју за телевизискиот канал „Русија-24“.

Според зборовите на Путин, неговиот белоруски колега Александар Лукашенко долго поставувал прашања за распределувањето на руско тактичко нуклеарно оружје во Белорусија, што таму не е присутно уште од раните 1990-ти години, по распадот на СССР.

„Се договоривме со Лукашенко да поставиме тактичко нуклеарно оружје во Белорусија, без притоа да го кршиме режимот на неширење“, рече Путин, пренесува руската новинска агенција ТАСС.

Путин додаде дека САД одамна поставиле такво оружје во повеќе земји, така што нема ништо необично во барањето од Белорусија.

Според неговите зборови, Русија до 1 јули ќе ја заврши изградбата на магацинот за тактичко нуклеарно оружје во Белорусија. Притоа, контролата на вооружувањето нема да биде префрлена врз Минск.

Откако Русија пред 13 месеци започна војна во соседна Украина, западните лидери изразуваат загриженост дека Москва би можела да го претвори судирот во нуклеарен, врз основа на изјавите од руска страна, според кои Запад смета дека сите опции се на маса.



На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS)..

Извор: www.aa.com.tr

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MARKETING

Претходно

Барселона потврди повреда на еден од своите дефанзивци

Следно

Приведени крадци во Скопје, украдениот мотоцикл ќе биде вратен на сопственикот

Latest from Blog

Баба Ванѓа најави мрачна есен: Предвидела вистинска катастрофа до крајот на 2025.

Иако почина во 1996 година, нејзините визии, честопати криптични и отворени за дискусија, продолжуваат да интригираат, објавува Net.hr. „Двоен оган“ За годината 2025, а особено месеците што следат по летото, нејзините визии

Челзи останува без Делап до ноември

фото: Chelsea Transfer Talks (X) Младиот напаѓач на Челзи, Лиам Делап ќе продолжи со тренинзи дури во ноември. Новото засилување за лондончани заработи повреда на тетивата на натпреварот против Фулам (2:0) и

ОН: За голем број Палестинци, евакуацијата од градот Газа е невозможна

Портпаролот на Обединетите нации, Стефан Диџарик, денес изјави дека иако Израел издал наредба за евакуација што го опфаќа целиот град Газа, каде што околу еден милион Палестинци се засолниле, многумина од оние

Николоски: СДС преку тајните служби креираа мастер план во три чекори да се забрани политичкото дејствување на ВМРО-ДПМНЕ

Мастер план во три чекори е криериран од поранешното раководство на СДС преку злоупотреба на безбедносните служби се со цел да се забрани политичко дејствување на ВМРО-ДПМНЕ. Јас тие детали прв ги
Go toTop