“Земјотрес“ во Турција: Салах во Трабзонспор за 15 милиони евра годишно!?

August 1, 2026
1 min read
ФОТО: Liverpool FC/FB

Фудбалски “земјотрес“ во Турција. Според локалниот новинар Јакуп Џинар, наводно Мохамед Салах постигнал двогодишен договор со Трабзонспор, а официјалната потврда за трансферот треба да следи на 2 август. Според извештаите, Салах треба да заработува околу 15 милиони евра годишно во Трабзонспор, со дополнителни бонуси.
Доколку оваа информација се покаже како точна, тоа би бил еден од најголемите трансфери во историјата на турскиот фудбал.
Во последните недели, Салах беше поврзуван со бројни клубови по напуштањето на Ливерпул, а Бешикташ беше споменуван меѓу најсериозните кандидати. Сепак, според истите извори, токму Трабзонспор успеа да го убеди Египќанецот да ја продолжи кариерата на брегот на Црното Море.
Сепак, набргу откако се појави оваа информација, за навивачите на Трабзонспор пристигна студен туш. Претседателот на клубот, Ертугрул Доган, ги негираше наводите за постигнатиот договор со Салах.
Затоа, целата приказна засега мора да се сфати со резерва. Иако Јакуп Џинар е познат по информациите од турскиот фудбал, засега нема официјална потврда од Мохамед Салах, неговите претставници или Трабзонспор. Во случај трансферот да се реализира, Трабзонспор би го добил еден од најдобрите африкански фудбалери на сите времиња и играч кој со години е меѓу најдобрите напаѓачи во светскиотфудбал.

Извор: vecer.mk

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

(ВИДЕО) „БИНГ-БИНГ, БИНГ-БИНГ-БИНГ – Трамп повторно хит на интернет

Следно

БРАКО со нов успех: GM 955 оди на финално тестирање во Германија

Latest from Blog

Божиновска: Енергетската транзиција мора да значи инвестиции, модерна инфраструктура и сигурна иднина

Праведната енергетска транзиција мора да значи конкретни инвестиции, модерна инфраструктура и сигурна енергетска иднина, порача министерката за енергетика, рударство и минерални суровини Сања Божиновска. Таа информираше дека е одржан координативен состанок со

САД признаваат дека поседуваат оружје во вселената, Русија веднаш повикува на забрана

Рускиот заменик-министер за надворешни работи, Сергеј Рјабков, изјави дека Москва смета оти сè уште не е доцна за правно обврзувачки договор со кој би се забранило распоредувањето на офанзивно оружје во вселената.

Меџити по пресудата во Хаг: Борбата за вистината продолжува

Копретседателот на ВЛЕН и градоначалник на Општина Чаир, Изет Меџити, ја оцени како разочарувачка и длабоко неправедна денешната одлука на Хашкиот суд за поранешните лидери на ОВК. Меџити во својата реакција порача
Go toTop