Сали: Соработката со Турција продолжува да ги зајакнува институционалните капацитети и процесот на европска интеграција

July 31, 2026
1 min read

Првиот заменик-претседател на Владата и министер за европски прашања, Беким Сали, се обрати на отворањето на Програмата за обука за управување со проектен циклус во рамките на иницијативата IPABRIDGE, која се одржува во Скопје од 28 до 31 јули 2026 година.

Во своето обраќање, министерот Сали изрази особена благодарност до Владата на Република Турција, Директоратот за прашања на Европската Унија и турските партнери за континуираната поддршка, искрената соработка и подготвеноста да споделат експертиза и практично искуство.

„Турција беше и останува сигурен партнер на нашиот европски пат. Нејзината поддршка во јакнењето на административните и институционалните капацитети е од особено значење за подготовката на нашата земја за обврските што произлегуваат од идното членство во Европската Унија“, истакна Сали.

Програмата за обука опфаќа значајни теми како управување со проектен циклус, финансиската рамка ИПА III, анализа на засегнатите страни, логичка рамка, буџетирање, мониторинг и известување. Целта е да се зајакнат знаењата и практичните вештини на администрацијата за поквалитетна подготовка и спроведување на проекти финансирани од Европската Унија.

Министерот Сали нагласи дека соработката со Турција ќе продолжи и во иднина и дополнително ќе се проширува преку заеднички активности, размена на експертиза и иницијативи за јакнење на институционалните капацитети.

„Очекуваме ова партнерство и понатаму да се развива и да носи конкретни резултати за нашите институции и за граѓаните“, заклучи министерот Сали.

Извор: zurnal.mk

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Коњановски: Светското фолклорно шаренило е најубавата промоција за Битола

Следно

Најмалку 34 загинати во експлозија на метан во рудник во Пакистан (ВИДЕО)

Latest from Blog

ОКУЛТЕН РИТУАЛ ИЛИ НЕСРЕЌЕН СЛУЧАЈ? Мистериозната смрт на 35-годишен Британец во Сицилија ги крена сите на нозе

Британски државјанин е пронајден мртов во изолирана заедница на „хипици“ во Сицилија, а се шпекулира дека можеби учествувал во „езотерични ритуали“, пишува британски „Телеграф“. Италијанската полиција ја истражува смртта на Бенџамин Џон

Продадени се 5.000 влезници, селекторот ги повика навивачите да ја поддржат репрезентацијата

Фудбалската репрезентација на Македонија со меч против Швајцарија, идната сабота во Скопје, го започнува настапот во дивизијата „Б“ на Лигата на нации. Билетите веќе се во продажба по цени кои се движат

Мечка се обиде да влезе во просторија во која беа руски биатлонки!(ВИДЕО)

Невообичаена ситуација во Сочи – мечка се обиде да влезе во просторијата каде што се подготвуваат руските биатлонки. Руската шампионка Ина Терешченко објави видео од средбата на социјалните мрежи. На него се

Коњановски: Битола со Европската недела на мобилност чекори кон град пристапен за сите

Во рамките на Европската недела на мобилност, денеска граѓани од различни возрасни групи и лица со попреченост ја истражуваа Битола за да видат колку нашиот град е пристапен, безбеден и прилагоден за
Go toTop