Претседателот на Туркије, Ердоган, ифтареше со семејствата на погодените од земјотресите во областа Хатај

March 25, 2023
1 min read

ХАТАЈ (АА) – Претседателот на Туркије, Реџеп Таип Ердоган, изјави дека општините ќе продолжат со потребните активности сѐ додека не се нормализира животот во областите во јужните делови на Туркије што беа потресени од разорните земјотреси на 6 февруари, известува Анадолу.

„Се надевам дека и ние во секоја можност ќе доаѓаме тука да ја поделиме вашата болка и внимателно ќе ја следиме извршената работа“, рече Ердоган за време на посетата на Хатај.

Ердоган вчера учествуваше на церемонијата за почетокот на изградбата на нови станбени единици во областа Хатај, што беше разорена од земјотресите на почетокот на февруари, а кон крајот на денот во контејнерската населба ифтареше со семејствата на жртвите од земјотресите.

На ифтарот присуствуваа и лидерот на Националната народна партија (МХП), Девлет Бахчели, и локални официјални лица.

Ердоган во своето обраќање потсети дека од земјотресите директно се погодени околу 14 милиони луѓе.

„Каде и да се наоѓаме, нашите срца чукаат со вас, погодените од земјотресите“, рече турскиот претседател и додаде:

„Од првиот ден на теренот се сите надлежни институции на нашата земја.“

Два разорни земјотреси, првиот со интензитет од 7,7 степени по Рихтер, на 6 февруари утрото во 4:17 часот по локално време, со епицентар во округот Пазарџик, и вториот во 13:24 часот, со интензитет од 7,6 степени по Рихтер, со епицентар во местото Елбистан, ги потресоа јужните делови на Туркије. Епицентрите на земјотресите се регистрирани во турската област Кахраманмараш.

Повеќе од 13,5 милиони луѓе во 11 турски области се погодени од земјотресите, но и голем број во северните делови на Сирија.



На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS).

Извор: www.aa.com.tr

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Ново издание на 360°: С Македонија ѝ донира 12 хеликоптери на Украина и купува 8 нови

Следно

Ибрахимовиќ е најстариот играч во историјата на евроквалификациите

Latest from Blog

„Тајм“: Трамп го прашал „Грок“ што би се случило ако го уапси Мадуро

Ова се случило неколку недели пред тој да нареди операција за негово приведување, открива списанието „Тајм“. Наводно, вештачката интелигенција му рекла на Трамп дека многумина во Венецуела веројатно би го прославиле падот

Барселона пронајде нов десен бек во Фиорентина, но ќе има конкуренција во Јувентус и Милан

Бразилскиот дефанзивец на Фиорентина, Додо, се најде на радарот на неколку европски гиганти и наскоро би можел да ја промени средината. Иако сезоната е во полн ек, најголемите европски клубови веќе ги

Тајван ги доби првите нови американски авиони Ф-16, нарачани се 66

Авионите слетаа во воздухопловната база Чиханг во источниот округ Тајтунг околу пладне, по летот од Хаваи и попатното застанување во Гуам. Тајванскиот претседател Вилијам Лаи Чинг-те изјави дека пристигнувањето на авионите претставува
Go toTop