Колку лица годинава заработиле кривични пријави поради предизвикување на пожари?!

July 8, 2026
1 min read

Во текот на актуелната 2026 година, од страна на Министерството за внатрешни работи се поднесени 8 кривични пријави за сторени 8 кривични дела „предизвикување општа опасност“ против 10 сторители, велат од МВР, одговарајќи на прашање на „Фокус“ против колку лица се поднесени кривични пријави поради предизвикување на шумски пожари и пожари на отворено во текот на оваа година и летна сезона?

Ретко кој пожар на отворено е предизвикан од природна појава како гром, туку најголем дел од нив се предизвикани од човечки фактор, со тоа што треба да се нагласи дека во некои случаи тие се предизвикуваат ненамерно и несвесно, но дел се предизвикуваат тенденциозно од страна на пиромани или пак од криминални мотиви.

Во тој контекст, полицијата деновиве информираше дека привела маж поради основно сомневање дека предизвикал пожар во атарот на селото Долно Оризари, кој зафатил нива, помошна просторија, бандера, како и инвентар од викенд-куќа. Но, колку вкупно кривични пријави годинава се поднесени поради предизвикување на пожари?

„Во текот на актуелната 2026 година, од страна на Министерството за внатрешни работи се поднесени 8 кривични пријави за сторени 8 кривични дела предизвикување општа опасност против 10 сторители“, велат од МВР за „Фокус“, одговарајќи на прашањето против колку лица се поднесени кривични пријави поради предизвикување на шумски пожари и пожари на отворено во текот на оваа година и летна сезона?

Инаку, кривичното дело „предизвикување на општа опасност“ подразбира создавање на опасност по лица и имот од поголем обем преку дејства како предизвикување пожари, но и предизвикување експлозии, поплави, преку неправилно ракување со експлозивни, запаливи и други опасни материи, преку оштетување на инсталации и објекти што може да доведе предизвикување на сериозни последици…

Оттука, ова кривично дело го опфаќа предизвикувањето на пожари, но воедно опфаќа и други дејства, така што од официјалниот одговор од МВР произлегува дека во првата половина од годинава се поднесени 8 кривични пријави за 8 кривични дела „предизвикување на општа опасност“, но не е прецизирано колку од нив се конкретно за предизвикување на опасност преку предизвикување на пожари.

Кога станува збор за пожарите на отворено и шумските пожари, веќе објавивме дека, според податоците што ни ги доставија од Центарот за управување со кризи, од почетокот на оваа 2026 година заклучно со јуни, односно до 1 јули годинава, регистрирани се вкупно 1.104 пожари на отворен простор. Според овие податоци, поголем дел од нив, односно 1.051 пожар биле на висока сува трева, стрништа, нискостеблеста, деградирана шума и ѓубришта или депонии, додека 53 се категоризираат како шумски пожари.

„Секој пожар на отворен простор има свои специфики, влијанија, ризици и можни загрозувања, штети и последици по животот, здравјето и материјалните добра на граѓаните. Најспецифични пожари по опфат (површина и штети) се пожарите во штипскиот, светиниколскиот и велешкиот регион“, ни одговорија од ЦУК, додавајќи дека во насока на превенција и рана дојава од нивна страна преземени се повеќе мерки и активности.

Извор: zurnal.mk

VERO marketi

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Проданоски: Младите се чувари на македонската музичка традиција

Следно

Во Барселона забележан нов температурен рекорд

Latest from Blog

„Ова беше најголемиот грабеж во историјата на светските првенства“

Шпанскиот новинар Маноло Лама не штедеше зборови по драматичната победа на Аргентина над Египет во осминафиналето на Светското првенство, велејќи дека тоа е „најголемото судење во корист на една репрезентација во историјата

Во Барселона забележан нов температурен рекорд

Во многу популарниот туристички град на Шпанија, близината на морето го ублажува чувството на топлина, велат експертите. Земјата речиси навикната на високи температури Шпанската метеоролошка агенција Аемет вчера издаде црвено предупредување за

Проданоски: Младите се чувари на македонската музичка традиција

Градоначалникот на Општина Прилеп, Дејан Проданоски, присуствуваше на концертот „Како дишам јас“, на кој Сергеј Настески заедно со своите колеги приреди музичка вечер исполнета со автентичниот звук на македонската народна традиција. Во

Само еден фудбалер се вратил во Бразил со репрезентативниот авион!

Репрезентацијата на Бразил шокирачки е елиминирана од тековниот Мундијал во осминафиналето каде што беше целосно надиграна од Норвешка. Селекторот Анчелоти не успеа да го издигне Бразил на нивото на кое што посакуваше

НАСКОРО КРАЈ НА ВОЈНАТА ВО УКРАИНА, најави Трамп од Анкара

Американскиот претседател Доналд Трамп денеска изјави дека Русија и Украина ќе постигнат договор за прекин на војната, наведувајќи дека тој договор „веќе долго време се разработува“, како и дека украинскиот претседател Володимир
Go toTop