Американскиот претседател Доналд Трамп денеска изјави дека Русија и Украина ќе постигнат договор за прекин на војната, наведувајќи дека тој договор „веќе долго време се разработува“, како и дека украинскиот претседател Володимир Зеленски е „многу ефикасен“ и дека „врши неверојатна работа“.
Говорејќи пред новинарите на маргините на самитот на НАТО заедно со Зеленски, тој оцени дека Зеленски и рускиот претседател Владимир Путин се „тешки ликови“, но и истакна дека двајцата сакаат да ја прекинат војната, пренесува Гардијан.
Говорејќи за украинските удари длабоко во руската територија, Трамп рече дека станува збор за ескалација која „може да помогне војната да заврши“.
Извор: vecer.mk
