Самит на НАТО во Анкара: Европа го засилува вооружувањето, Украина останува во фокусот

July 7, 2026
1 min read

Пораката како што посочи генералниот секретар на Алијансата Руте е дека потребна е модернизација на одбранбените капацитети, во време кога заканите стануваат се покомплексни и понепредвидливи. Алијансата како што оцени тој е на чекор кон трансатлантска одбранбена револуција, чија цел како што нагласи е колективната безбедност на земјите-членки. На овој начин според него, НАТО сака да го засили европското производство на оружје, да ја забрза испораката на воена опрема и да ја зацврсти одбранбената индустриска соработка меѓу Европа и северна Америка.  

-Денеска, ние сме на чекор кон трансатлантска одбранбена индустриска револуција. Ве повикувам да направите скок и да им покажеме на нашите луѓе дека сме подготвени и способни да ги одбраниме секаде и во секое време, и да и покажеме на Русија и на сите тие кои гледаат денес дека трансатлантската одбранбена индустриска база се мобилизира со цел. Не во знак на гнев, туку за нашата колективна безбедност,- – Марк Руте – Генерален Секретар на НАТО.

Македонската делегација на самитот ја предводи претседателката Сиљановска Давкова, а со неа се шефот на дипломатијата Муцунски и министерот за одбрана Мисајловски кој на социјалните мрежи информираше дека потпишал заедничко писмо за намери за приклучување кон мултинационалната соработка за обука за летање во Европа. Попладнево во турската престолнина пристигна и американскиот претседател Трамп кој според најавите доаѓа со делегација од околу 1.400 лица. Очекувањата се Трамп во Анкара да ја отвори темата за финансирањето на алијансата, состојбата со Ормускиот теснец и војната во Украина. Токму на таа тема, генералниот секретар на НАТО Руте и украинскиот претседател Зеленски кој е присутен на самитот, побараа зголемен притисок кон Русија.

-Кога ги набројувам сите проблеми со кои Русија се соочува, еден од најважните е тоа што им го правите на нивната економија која е во многу лоша состојба во Русија. Можеби една порака која би ја повторил, ако сте млад човек во Русија денеска и размислувате да се придружите на војската, вие може да сте еден од тие 30 илјади кои загинуваат овој месец, следниот месец и тој потоа, знаете дека вашиот претседател во Русија, Владимир Путин е подготвен да ве жртвува,- – Марк Руте – Генерален Секретар на НАТО.

-Ја гледаме слабоста на Русија, ја чувствуваме, но тоа не е доволно. Потребен ни е поголем притисок, повеќе балистички ракети и повеќе санкции кон Русија,- – Володимир Зеленски – Претседател на Украина.

Во завршната декларација по самитот, според најавите се очекува Русија да биде означена како долгорочна закана за евроатлантската безбедност и стабилност, како и повторената заложба дека Иран не смее да поседува нуклеарно оружје.  Дополнително, се очекува да биде упатен и повик до Техеран да ја почитува слободата на пловидба низ Ормускиот теснец.

Извор: vecer.mk

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Николоски: Од една точка ќе се добиваат услуги од 15 институции за побрз увоз, извоз и транзит

Следно

Меџити: Чаир се гради со работа, а не со зборови

Latest from Blog

Барса со „петарда“ ја започна новата сезона

Фудбалерите на Барселона фантастично ја започнаа новата сезона со убедлива победа против екипата на Елче со 0:5. Момците на Ханси Флик покажаа класа и најавија уште една сезона во која што ќе

ИРАН ЈА НАПАДНА ВЕЛИКА БРИТАНИЈА, четири дена не можат да се опорават

Хакери поврзани со Иран успеаја целосно да ја запрат работата на британска електрана дури четири дена, што се смета за еден од најсериозните сајбер напади врз енергетската инфраструктура на Обединетото Кралство, објави

Интересно: Фановите на Марсеј ја славеа титулата на Шпанија? (ВИДЕО)

ФОТО:printscreen Навивачите на Олимпик Марсеј изненадија со чудна претстава за време на првиот натпревар на тимот во сезоната во Лига 1. Некои од навивачите на „Велодром“ извадија огромна кореографија во чест на

Иран поканет да се приклучи на „исламското НАТО“

Рахими, директор на новинската агенција Ханех Мелат, поврзана со иранскиот парламент, изјави дека Иран добил покана да се приклучи на договорот во Мека и дека прашањето се разгледува. Рахими рече дека земјите
Go toTop