Николоски: Од една точка ќе се добиваат услуги од 15 институции за побрз увоз, извоз и транзит

July 7, 2026
1 min read

Националниот Едниошалтерски Систем претставува еден од најзначајните проекти за дигитализација и модернизација на постапките со увозот, извозот и транзитот на стоки. Неговата цел е да обезбеди единствена електронска платформа преку која компаниите ќе можат побрзо и поефикасно да ги спроведуваат законските постапки поврзани со надворешната трговија, истакна денеска заменик претседателот на Владата, Александар Николоски на седницата на која претседаваше со Комитетот за управување со Националниот Едношалтерски Систем.

На Комитетот беше потврдено успешното завршување на тендерската постапка, како и информацијата за склучување на Договорот со најповолниот понудувач за испорака и инсталација на новиот едношалтерски систем НЕС.

Според Договорот, избраниот Конзорциуми има обврска до крај на 2027 година да го операционализира системот и да го стави во функција. Овој софтвер подразбира дека во иднина сите дозволи за увоз, извоз и транзит како и плаќањето, ќе се одвива по електронски пат на една точка.

Целта на реформата е да ја олесни трговијата преку рационализација на процесите при апликација и издавање на дозволи, да се постигне размена на податоци меѓу сите инститиуции на национално ниво, подобра соработка како и координирани активности во рамки на овој систем.

Република Македонија е дел од проектот за олеснување на транспортот и трговијата во земјите од Западен Балкан каде една од компонентите е имплементацијатa и овој Национален Едношалтерски Систем што подразбира целосна замена на тековниот систем за управување со дозволи за увоз, извоз и транзит на стоки со нов систем.

Извор: zurnal.mk

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Општина Прилеп: Вечерва повторно фудбалска еуфорија на Камена бина

Следно

Самит на НАТО во Анкара: Европа го засилува вооружувањето, Украина останува во фокусот

Latest from Blog

Интересно: Фановите на Марсеј ја славеа титулата на Шпанија? (ВИДЕО)

ФОТО:printscreen Навивачите на Олимпик Марсеј изненадија со чудна претстава за време на првиот натпревар на тимот во сезоната во Лига 1. Некои од навивачите на „Велодром“ извадија огромна кореографија во чест на

Иран поканет да се приклучи на „исламското НАТО“

Рахими, директор на новинската агенција Ханех Мелат, поврзана со иранскиот парламент, изјави дека Иран добил покана да се приклучи на договорот во Мека и дека прашањето се разгледува. Рахими рече дека земјите

Што се крие под Самуиловата тврдина? Археолозите повторно почнаа да копаат во Охрид

Под ѕидините што денес најчесто ги поврзуваме со цар Самуил се наоѓаат траги од живот стари илјадници години. Археолозите повторно се вратија на Самуиловата тврдина во Охрид, каде што започнаа годинешните истражувања

Големата битка заврши: Проданоски објави дека пожарот во Мариово е изгаснат

Проданоски: По седум дена непрекината борба, пожарот во Мариово е изгаснат По седум дена непрекината борба и огромни напори на сите екипи ангажирани на терен, пожарот во Мариово е целосно изгаснат, информира
Go toTop