Божиновска: Зелената транзиција е најважната инвестиција за економски развој

July 3, 2026
1 min read

Министерката за енергетика, рударство и минерални суровини, Сања Божиновска, денес учествуваше на панел-дискусијата „Институционална и правна рамка што поддржува одржливи корпоративни практики“, во рамки на Бизнис форумот „Претворање на одржливоста во конкурентност: Градење отпорни бизниси во неизвесен свет“, организиран од Министерството за надворешни работи и надворешна трговија, Стопанската комора и Канцеларијата на постојаниот координатор на Обединетите нации.

Во своето обраќање министерката порача дека одржливоста денес не е само еколошка цел, туку еден од најважните економски предуслови за развој, конкурентност и сигурност на домашните компании.

„Пред само неколку години на зелената транзиција се гледаше како дополнителен трошок. Денес таа е најдобрата инвестиција што една компанија може да ја направи. Компаниите што вложуваат во енергетска ефикасност, обновливи извори и нови технологии ќе бидат компаниите што утре ќе извезуваат повеќе, ќе привлекуваат повеќе инвестиции и ќе отвораат нови работни места“, истакна Божиновска.

Таа нагласи дека Министерството ја поставува зелената транзиција како двигател на економскиот развој, создавајќи стабилна, транспарентна и европски усогласена регулатива која ќе им овозможи на компаниите сигурно да инвестираат и да планираат долгорочно.

„Нашата задача е да создадеме услови во кои зелената транзиција нема да биде товар за стопанството, туку негова најголема развојна можност. Затоа носиме модерни закони, ја поедноставуваме регулативата и обезбедуваме конкретна финансиска поддршка за инвестиции во енергетска ефикасност и обновливи извори на енергија“, рече министерката.

Во своето излагање Божиновска потсети дека новиот Закон за енергетика веќе воспоставува современа рамка усогласена со европското законодавство, додека Законот за обновливи извори на енергија, претставува една од најзначајните енергетски реформи во последните децении.

Осврнувајќи се на развојот на обновливите извори, Божиновска истакна дека Министерството воспоставува нов, транспарентен систем за планирање на инвестициите во електроенергетската мрежа, со јасни правила што ќе обезбедат стабилност на системот и сигурност за инвеститорите.

„Сакаме компаниите да бидат активни учесници во новата енергетска економија, не само потрошувачи. Нашата цел е да создадеме услови секој што инвестира во сопствено производство на енергија, складирање и модерни технологии да стане дел од енергетската трансформација на државата“, нагласи Божиновска.

Таа додаде дека Министерството паралелно инвестира и во модернизација на електроенергетската инфраструктура, дигитализација на системот и поедноставување на процедурите за компаниите, со што ќе се забрза интеграцијата на новите капацитети за производство на електрична енергија.

На крајот од своето обраќање министерката испрати јасна порака до бизнис заедницата.

„ Намалувањето на емисиите, енергетската ефикасност и декарбонизацијата не се само исполнување на европските стандарди – тие се најпаметната деловна одлука за секоја компанија што сака да биде конкурентна и успешна на долг рок. Министерството ќе продолжи да биде силен партнер на стопанството во овој процес“, порача министерката Сања Божиновска.

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Општина Битола: Презентиран Оперативниот план за вработување за 2026 година

Следно

„Ер трактор“ полета кон пожарот на штипскиот Исар, огнот се приближил до куќите

Latest from Blog

Ким Џонг-ун го надгледувал лансирањето на хиперсонична ракета

Ракетата беше лансирана во Источното Море како дел од обуката за ракетни единици кои ракуваат со „хиперсоничен стратешки систем на оружје“, соопшти KCNA. Ким рече дека способноста за контранапад на севернокорејската војска

Shteti shqiptar për Çamërinë 1925–1928

Traktati për minoritete, i nënshkruar pas Luftës së Parë Botërore pothuajse nga të gjitha shtetet e Evropës, ua njihte minoriteteve të gjitha të drejtat. Edhe Shqipëria, duke qenë ndër ato shtete që e nënshkruan këtë traktat, ia njohu minoritetit grek në Shqipëri të

ЗА ТОА ШТЕ ЌЕ СЛЕДИ ВИНОВЕН Е ЗЕЛЕНСКИ – Москва најави сосема нов вид војна во Украина

Москва во рок од само неколку минути испрати две фатални и бескомпромисни пораки до украинското раководство: руското Министерство за одбрана најави драстично засилување на ракетните удари низ цела Украина, додека Кремљ децидно
Go toTop