Лукровски во градинката ,,Орце Николов, да го види донираниот компостер

July 2, 2026
1 min read

По враќањето од боледување на градоначалникот Сотир Лукровски, на официјалната фејсбук страница на Општина Карпош се споделуваат фотографии од неговите активности.

Денеска градоначалникот бил во градинката ,,Орце Николов”, за да ја види новата компостара.

-Во рамки на проектот „Граѓански активизам за остварување на циркуларна економија во управувањето со органски отпад“ спроведен од страна на Здружение Центар за ресурси во животната средина (РЕЦ), Еко Логик и Флоразон, денеска беше дониран компостер во ЈУОДГ “Орце Николов“.

На настанот присуствуваше и градоначалникот Сотир Лукровски кој ја поздрави реализацијата на оваа иницијатива, истакнувајќи дека создавањето одговорни навики кај најмладите се од исклучително значење за иднината на локалната заедница. При посетата, градоначалникот ја искористи можноста да ги посети дечињата во градинката, да поразговара со нив и да им посака безгрижно детство исполено со нови знаења и убави искуства.

Донираниот компостер од типот K390-AL-KO ќе овозможи органскиот отпад што секојдневно се создава во градинката да биде соодветно селектиран и компостиран. Во процесот активно ќе бидат вклучени и децата кои преку практични активности ќе имаат можност да научат како органскиот отпад може да се претвори во природно ѓубриво – компост, кое понатаму ќе се користи за одржување на зелените површини во дворот на градинката.

Целта на овој проект е да ги научиме децата уште од најмала возраст на навики и практични знаења кои се во насока на поголема свест за паметно селектирање, одложување и искористување на отпадот, како и поголема грижа за животната средина и нашето опкружување, велат од општина Карпош.

Извор: zurnal.mk

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Вечер на музика, вино и зајдисонце со Павле Камилоски во Охрид

Следно

Бројот на жртви од земјотресот во Венецуела се зголеми на 2 295

Latest from Blog

Ким Џонг-ун го надгледувал лансирањето на хиперсонична ракета

Ракетата беше лансирана во Источното Море како дел од обуката за ракетни единици кои ракуваат со „хиперсоничен стратешки систем на оружје“, соопшти KCNA. Ким рече дека способноста за контранапад на севернокорејската војска

Shteti shqiptar për Çamërinë 1925–1928

Traktati për minoritete, i nënshkruar pas Luftës së Parë Botërore pothuajse nga të gjitha shtetet e Evropës, ua njihte minoriteteve të gjitha të drejtat. Edhe Shqipëria, duke qenë ndër ato shtete që e nënshkruan këtë traktat, ia njohu minoritetit grek në Shqipëri të

ЗА ТОА ШТЕ ЌЕ СЛЕДИ ВИНОВЕН Е ЗЕЛЕНСКИ – Москва најави сосема нов вид војна во Украина

Москва во рок од само неколку минути испрати две фатални и бескомпромисни пораки до украинското раководство: руското Министерство за одбрана најави драстично засилување на ракетните удари низ цела Украина, додека Кремљ децидно
Go toTop