Божиновска: Енергетската безбедност бара заедничка регионална одговорност

July 2, 2026
1 min read

Министерката за енергетика, рударство и минерални суровини Сања Божиновска денеска во Приштина учествуваше на Неформалниот министерски совет на Енергетската заедница, каде што министрите од регионот, претставници на Европската комисија и Секретаријатот на Енергетската заедница разговараа за забрзаната интеграција на земјите од Западен Балкан во европскиот пазар на електрична енергија и природен гас, за енергетската безбедност и зајакнувањето на регионалната соработка.

Во своето обраќање, министерката Божиновска истакна дека енергетската безбедност денес е прашање на заедничка одговорност и дека само преку поврзување на инфраструктурата, усогласување на политиките и заеднички инвестиции регионот ќе може успешно да одговори на идните предизвици.

„Нашата долгорочна визија е јасна – целосно интегриран регионален енергетски систем кој ќе ги поврзе електроенергетските, гасните и идните водородни мрежи. Од диверзификација до декарбонизација, од интерконектори до заеднички пазари – регионот мора да функционира како еден интегриран енергетски систем. Македонија забрзано се интегрира во европскиот енергетски пазар преку нови интерконектори, регионална соработка и зелена транзиција “, порача Божиновска.

Министерката нагласи дека Македонија веќе презема конкретни чекори за зајакнување на енергетската сигурност преку диверзификација на изворите на снабдување и реализација на клучни инфраструктурни проекти.

Во таа насока, таа информираше дека гасниот интерконектор со Грција треба да биде завршен до 2027 година, додека интерконекторот со Србија се движи кон фаза на реализација со очекувано завршување околу 2028 година. Овие проекти ќе овозможат пристап до нови извори на природен гас, вклучително и течен природен гас (LNG) преку Грција, со што значително ќе се зголеми сигурноста, флексибилноста и отпорноста на енергетскиот систем.

Осврнувајќи се на интеграцијата во европскиот пазар на електрична енергија, Божиновска потсети дека Македонија во мај годинава го пушти во функција интрадневниот пазар на електрична енергија, што претставува значаен чекор кон целосно поврзување со европскиот енергетски пазар и подобра интеграција на обновливите извори.

Министерката испрати јасна порака дека иднината на енергетиката во регионот зависи од заедничкото делување, а денешниот министерски состанок испратил силен сигнал дека сите земји од регионот ја делат истата визија – поголема енергетска безбедност, посилна регионална поврзаност и побрза интеграција во европскиот енергетски систем.

„Интеграцијата во европскиот енергетски пазар е можност да изградиме поконкурентна економија, да привлечеме нови инвестиции и да обезбедиме почиста и посигурна енергија за нашите граѓани. Остануваме целосно посветени на реформите и партнерствата што ќе ја придвижат Македонија и целиот регион кон одржлива енергетска иднина“, истакна министерката.

На Неформалниот министерски совет на Енергетската заедница главен фокус беше ставен на забрзувањето на интеграцијата на земјите од Западен Балкан во единствениот европски енергетски пазар, јакнењето на сигурноста во снабдувањето, диверзификацијата на енергетските извори и развојот на регионалната инфраструктура како предуслов за успешна зелена транзиција и поголема енергетска независност.

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

VERO marketi

Претходно

Божиновска: Шведска е важен партнер во модернизацијата на македонската енергетика

Следно

Вечер на музика, вино и зајдисонце со Павле Камилоски во Охрид

Latest from Blog

Општина Битола: Во тек реконструкција на улици, спортски игралишта и изградба на нов паркинг

Во Битола продолжуваат градежните активности на повеќе локации, со фокус на реконструкција на улици, унапредување на спортската инфраструктура и изградба на нови паркинг-простори. Од Општина Битола информираат дека во тек е комплетна

ЈКП „Комуналец“ – Прилеп: По повеќе од 10 години исчистен просторот кај поранешната Зоолошка градина

Екипите на ЈКП „Комуналец“ – Прилеп спроведоа темелна акција за расчистување на просторот во населбата Вишне 2, на локацијата каде што некогаш се наоѓала Зоолошката градина. Во рамки на акцијата беа отстранети

Бројот на жртви од земјотресот во Венецуела се зголеми на 2 295

Досега околу 6.000 лица се извлечени живи од урнатините.по двата земјотреси властите регистрираа 782 последователни потреси. Иако нивната фреквенција и интензитет се намалија, официјалните лица предупредија дека ризикот од уште еден силен
Go toTop