Божиновска: Шведска е важен партнер во модернизацијата на македонската енергетика

July 2, 2026
1 min read

Министерката за енергетика, рударство и минерални суровини, Сања Божиновска, денес оствари работна средба со амбасадорот на Кралството Шведска во Република Северна Македонија, Н.Е. Ола Солстром, на која беше потврдена одличната билатерална соработка и заедничката определба за нејзино натамошно продлабочување, со посебен акцент на енергетиката, инфраструктурните проекти и зелената транзиција.

Во фокусот на разговорите беа можностите за унапредување на соработката во областа на енергетската ефикасност, модернизацијата на енергетската инфраструктура и развојот на паметни енергетски решенија, области во кои Шведска претставува еден од европските лидери.

Министерката Божиновска истакна дека Владата е цврсто посветена на модернизација на македонскиот енергетски систем, зголемување на учеството на обновливите извори на енергија и градење одржлив и конкурентен енергетски сектор.

„Нашата цел е современ, ефикасен и одржлив енергетски систем кој ќе обезбеди сигурност за граѓаните и ќе создаде поволна клима за нови инвестиции. Шведското знаење, искуство и технолошки развој претставуваат значаен потенцијал за заеднички проекти и партнерства кои ќе придонесат за побрза енергетска трансформација на Македонија“, истакна министерката Божиновска.

Амбасадорот Ола Солстром ја нагласи подготвеноста на Шведска да продолжи да ја поддржува Македонија во реформските процеси и истакна дека голем број шведски компании внимателно ги следат случувањата во македонскиот енергетски сектор и препознаваат потенцијал за нови инвестиции и економска соработка.

Тој оцени дека постојат реални можности за проширување на присуството на шведски компании на македонскиот пазар, особено во проекти поврзани со енергетската ефикасност, модерната инфраструктура и иновативните зелени технологии.

Воедно, амбасадорот Солстром повтори дека Шведска останува силен пријател и искрен поддржувач на Македонија.

На крајот од средбата беше потврдена заедничката определба за интензивирање на билатералната соработка и развој на конкретни партнерства во областа на одржливата енергија, инфраструктурниот развој и реализацијата на енергетските реформи, кои ќе придонесат за економски раст, поголема енергетска сигурност и забрзана зелена транзиција.

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Шок на пресот на ДР Конго: Селекторот дозна дека починал татко му

Следно

Божиновска: Енергетската безбедност бара заедничка регионална одговорност

Latest from Blog

ЗА ТОА ШТЕ ЌЕ СЛЕДИ ВИНОВЕН Е ЗЕЛЕНСКИ – Москва најави сосема нов вид војна во Украина

Москва во рок од само неколку минути испрати две фатални и бескомпромисни пораки до украинското раководство: руското Министерство за одбрана најави драстично засилување на ракетните удари низ цела Украина, додека Кремљ децидно

САУДИСКА АРАБИЈА ТРГНУВА ВО ОФАНЗИВА

Саудиска Арабија подготвува голема воена офанзива против јеменските Хутити, со цел да ги поништи нивните неодамнешни успеси со кои ја презедоа контролата врз клучниот теснец Баб ел-Мандеб, витална жила куцавица за глобалниот
Go toTop