Браво за Зеленортските Острови

June 27, 2026
2 mins read

Синоќа и утринава се одиграа уште шест меча од 3.коло во групната фаза на ова СП. Интересни резултати, сензации, имаше и калкулации ама секако дека најголемото пријатно изненадување е селекцијата на Зеленортските Острови која заврши како втора во групата и се пласира во 1/16 финалето каде за ривал ќе го има светскиот првак, Аргентина на Меси.

Денешен гостин во нашата рубрика “Коментар на денот“ посветен на настаните на Мундијалот, е Артим Шаќири.

-Три меча, три ремија, три бода и пласман во нокаут – фазата. Се разбира дека тука мислиме на селекцијата на оваа мала островска земја…

„Браво и секоја чест за Зеленортските Острови. Што да се каже друго? Во конкуренција на една Шпанија, Уругвај и С.Арабија да останеш непоразен навистина е сензациоанален успех за оваа селекција. И дефинитивно сега сите знаат да играат добар фудбал. Дали ова е приказната на Мундијалот? Па, ќе видиме, ама засега тоа е тоа. Навистина уживање е да се гледа како игра оваа репрезентација. Храбро, одважно, знае што сака. Овој меч во нокаут – фазата против Аргентина и Меси секако дека ќе им биде награда за се она што го покажаа досега. Меси и компанија се апсолутни фаворити, но не смеат да ја потценат оваа селекција и очекувам да се изнамачат за да дојдат до победата“.

-Потегот на селекторот на Норвешка, Стале Солбакен против Франција да игра со вториот состав…

“Имаше тука калкулации, но јас искрено го оправдувам. Да сум на негово место и јас истото ќе го сторев. Секако дека ние неутралните сакавме дуел Меси – Халанд, но целта ги оправдува средствата. Вака Солбалкен ја одбра БСК за ривал во 1/16 финалето, ги сочува силите, ги одмори Халанд, Одегард и останатите. Секако дека им даде шанса и на останатите играчи кои заслужуваат да одиграат некоја минута на СП. Добар потег на Солбакен. Франција? За разлика од Норвешка, најголемиот фаворит за титулата, ништо не калкулираше. Веројатно свесни за својот квалитет, кој е несомнен, Франција сака да гази на секој натпревар. Секако дека мечот го одбележа Дембеле со хет – трик. Убедлива победа со која уште повеќе ја покажаа својата сила“.

-Уругвај разочара, Белгија конечно одигра на своето ниво…

“Бев убеден дека Уругвај со Биелса како селектор, со Валверде и останатите без проблем ќе ја мине групата, ама еве, си одат дома. Три меча, ниту една победа, и затоа велам дека се убедливо најголемото разочарување заедно со Турција. Шпанија рутински славеше против составот на Биелса и заврши како прва, а З.Острови како втори. Белгија бепе убедлива со Нов Зеланд и очекувана победа од 5:1. Конечно оваа репрезентација покажа дека има квалитет, покажа зошто е една од оние селекции кои можат и треба да одат далеку на Мундијалот“.

-Германија – Парагвај, Франција – Шведска се дел од двојките во 1/16 финалето…

“На Германците нема да им биде лесно, но јасно е кој е фаворит, во секој случај ќе биде интересно. Франција според мене, ако игра како досега што играше нема да има проблем со Шведска од која јас очекував многу повеќе. Од друга страна треба да се каже дека со 1/16 финалето стартува ново СП. Нокаут – фазата е сосема нешто друго. Тука нема поправен, секоја грешка, секој потег може да биде решавачки“ заврши Шаќири.

Извор: vecer.mk

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Македонската берза ја заврши неделата со промет од 72,8 милиони денари

Следно

ВИДЕО – Проданоски: Најголемата инвестиција е инвестицијата во нашите млади

Latest from Blog

Божиновска: Со интерконекторите и Вертикалниот коридор ја зајакнуваме енергетската позиција на Македонија

Министерката за енергетика, рударство и минерални суровини Сања Божиновска најави дека следната недела во Србија ќе се одржи вториот министерски самит со колегите од Грција, Бугарија и Србија, по средбата во Атина

Коњановски: Полни трибини за младата репрезентација – Битола живее за спортот

Градоначалникот на Општина Битола, Тони Коњановски, вечерва беше дел од многубројната публика на стадионот „Петар Милошевски“, каде младата репрезентација на Македонија одигра 1-1 против Црна Гора во квалификациите за Европското првенство. Коњановски

Меџити: Чаир се менува од темел – 1.400 метри нов водовод и целосно обновени улици

Во населбата Саат Кула во општина Чаир е реализирана целосна реконструкција на инфраструктурата, која, според градоначалникот Изет Меџити, опфаќа интервенции од подземната инфраструктура до целосно нов асфалт. Меџити посочува дека во рамки

Трамп ќе побара од европските земји да ослободат дел од своите резерви на дизел

Коментарот на американскиот претседател уследи откако министерот за финансии Скот Бесент ја повика Европа да се подготви за итно ослободување на залихите на дизел, тврдејќи дека американските земјоделци, возачи на камиони и
Go toTop