Божиновска: Реформите остануваат во фокусот – продолжуваме со транспарентна и одговорна реализација

June 24, 2026
1 min read

Министерката за енергетика, рударство и минерални суровини, Сања Божиновска денеска учествуваше на состанокот на високо ниво со ДГ ЕНЕСТ и тимот на Инвестициска рамка за Западен Балкан (WBIF), како дел од мониторинг мисијата на земјата за статусот на WBIF портфолиото во земјава.

На состанокот на којшто присуствуваа високи претставници на министерства и институции, се дискутираше за Индикативната листа на проекти во рамки на Реформската агенда и Инструментот за реформи и раст,  како и за проектите кои се во фаза на имплементација, а се финансирани преку Инвестициската рамка за Западен Балкан.   

Министерката Божиновска на состанокот информираше за прогресот на тековните и претстојните активности, нагласувајќи дека реализацијата на Реформската агенда е врвен приоритет на Владата. Министерството, како што истакна министерката Божиновска, ќе продолжи со одговорно и транспарентно спроведување на реформите во тесна соработка со институциите и меѓународните чинители. 

Воедно, министерката Божиновска ги презентираше и предизвиците во однос на реализацијата на проектите, посочувајќи и конкретни начини како тие да се надминат. 

Во рамките на Мониторинг мисијата ќе се одржат серија состаноци, а предвидена е и посета на терен во врска со проектот за Изградба на пречистителна станица за третман на отпадни води во градот Скопје. 

Министерството за енергетика, рударство и минерални суровини и понатаму продолжува активно и системски да работи на усогласувањето со европското законодавство во насока на градење на сигурен, модерен и праведен енергетски систем.

Извор: zurnal.mk

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Божиновска: Продолжуваме со транспарентно спроведување на реформите и европската агенда

Следно

Мелони повикува на нормализација на односите со САД по конфликтот со Трамп

Latest from Blog

Охридското Езеро годинава ќе биде порибено со 1,6 милиони единки пастрмка

Годинава се планира Охридското Езеро да биде порибено со околу 1,6 милиони единки од ендемичниот вид охридска пастрмка, што е за околу 500 илјади повеќе во споредба со минатата година, информираше заменик-министерот

СДСМ: И во Кривогаштани куп бактерии во водата за пиење

СДСМ преку соопштение обвини дека проблемот со безбедноста на водата за пиење во Македонија добива пошироки размери, откако, според партијата, во јавна чешма во Кривогаштани биле утврдени бактерии кои ја прават водата
Go toTop