Божиновска: Продолжуваме со транспарентно спроведување на реформите и европската агенда

June 24, 2026
1 min read

Министерката за енергетика, рударство и минерални суровини, Сања Божиновска денеска учествуваше на состанокот на високо ниво со ДГ ЕНЕСТ и тимот на Инвестициска рамка за Западен Балкан (WBIF), како дел од мониторинг мисијата на земјата за статусот на WBIF портфолиото во земјава.

На состанокот на којшто присуствуваа високи претставници на министерства и институции, се дискутираше за Индикативната листа на проекти во рамки на Реформската агенда и Инструментот за реформи и раст,  како и за проектите кои се во фаза на имплементација, а се финансирани преку Инвестициската рамка за Западен Балкан.

Министерката Божиновска на состанокот информираше за прогресот на тековните и претстојните активности, нагласувајќи дека реализацијата на Реформската агенда е врвен приоритет на Владата. Министерството, како што истакна министерката Божиновска, ќе продолжи со одговорно и транспарентно спроведување на реформите во тесна соработка со институциите и меѓународните чинители.

Воедно, министерката Божиновска ги презентираше и предизвиците во однос на реализацијата на проектите, посочувајќи и конкретни начини како тие да се надминат.

Во рамките на Мониторинг мисијата ќе се одржат серија состаноци, а предвидена е и посета на терен во врска со проектот за Изградба на пречистителна станица за третман на отпадни води во градот Скопје.

Министерството за енергетика, рударство и минерални суровини и понатаму продолжува активно и системски да работи на усогласувањето со европското законодавство во насока на градење на сигурен, модерен и праведен енергетски систем.

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

МБИ10 загуби 31 поен, инвеститорите најактивни кај Алкалоид, Телеком и Комерцијална банка

Следно

Божиновска: Реформите остануваат во фокусот – продолжуваме со транспарентна и одговорна реализација

Latest from Blog

Сестрата на Роналдо: Португалскиот народ не заслужува да го има најдоброто!

Откако Кристијано Роналдо го напушти кампот на португалската репрезентација и се огласи за да го потврди своето заминување, масло на оганот додаде неговата сестра Елма Авеиро со жестока објава. „По прес-конференцијата на

Дефинитивно пукна тиквата во Португалија, лутиот Роналдо го напушти тимот!

Легендарниот напаѓач Кристијано Роналдо предвреме ја напушти репрезентацијата на Португалија. Ова се случи после прес-конференцијата на селекторот Жорже Жесус кој објави дека Роналдо ќе започне на клупата и на утрешниот натпревар на Португалија

Николоски: Во Брисел за инфраструктурата, Планот за раст и проширувањето на ЕУ

Заменик претседателот на Владата и министер за транспорт, Александар Николоски е во дводневна работна посета во Брисел, каде ќе земе учество на официјални средби организирани од Европската Комисија. На средбите ќе се
Go toTop