ЛЕТЕН ПЕКОЛ ВО ФРАНЦИЈА: Се затвораат стотици училишта, температурите до 42 степени однесоа 16 жртви!

June 22, 2026
1 min read

Францускиот
министер за национално образование, Едуар Жефре, соопшти дека денеска 845
училишта и факултети во таа земја ќе бидат затворени поради жештините, а
дополнителни 1.800 ќе ги прилагодат своите распореди за да ги примаат децата
само во претпладневните смени. Жефре изјави дека училиштата и факултетите ќе
бидат затворени „главно во департманите кои се под црвен аларм“ за жештини,
пренесува телевизијата BFM.

– Прво,
постои правило, а тоа е дека постои континуитет на јавната служба, тоа е
принцип. Потоа, постои систем на исклучоци – од моментот кога е веројатно дека
безбедноста на персоналот или на децата ќе биде доведена во прашање, установата
мора да биде затворена – рече Жефре.

Се
очекуваат до 42 степени

Според
податоците на француската метеоролошка служба, денеска во земјата се очекува
интензивирање на топлотниот бран, поради што во 49 департмани е прогласен црвен
степен на предупредување, додека во 40 е прогласен портокалов степен. Ова е
досега рекорден број на департмани засегнати со највисоките предупредувања за
топлотен бран.

Според
прогнозите на метеоролозите, денеска во Франција се очекува максимална
температура од 37 до 42 степени Целзиусови, која во некои области „ќе се
приближи или дури и ќе ги надмине апсолутните рекорди (за сите месеци)“.

Се очекува
дека исклучително високите минимални и максимални температури ќе потраат и во
наредните денови.

Кризен
состанок на владата

Францускиот
претседател Емануел Макрон соопшти дека владата на земјата, по повод топлотниот
бран, денеска ќе одржи нов меѓуресорски кризен состанок. Макрон ги потсети
граѓаните дека е важно да ги „следат сите препораки“ и да бидат „внимателни“.

Поради
екстремните жештини за време на викендот во Франција починаа 16 лица

Екстремно
високите температури во Франција предизвикаа смрт на 16 лица во текот на
изминатиот викенд.

Три лица, на
возраст меѓу 80 и 95 години, починаа во неделата во департманот Жиронда, што
итните служби го припишаа на топлотниот бран. Истовремено, во текот на
изминатиот викенд во Франција се удавиле најмалку 13 лица, што исто така се
поврзува со екстремно високите температури на воздухот, соопштија префектурата
на Жиронда и службата за Цивилна заштита, пренесува „Фигаро“.

Како што е
соопштено, трите жртви – една жена и двајца мажи – починале вчера во своите
домови во градовите Сенон, Сен-Медар-ан-Жал и Сен-Жан-д’Илак, на периферијата
на Бордо. Портпаролот на Цивилната заштита, Жером Буланже, изјави дека најмалку
13 лица се удавиле меѓу саботата во 21:00 часот и понеделникот наутро, меѓу кои
и едно 13-годишно момче.

Извор: vecer.mk

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Тоневски: Првенците на генерациите во Пробиштип ќе добиваат стипендии од Општината

Следно

Денеска на Мундијалот: Светот очекува нов спектакл на Меси, Мбапе, Олисе, Халанд…

Latest from Blog

Пикси на клупата на Ј.Кореја?! Има еден услов…

ФОТО: Fudbalski savez Srbije/FB Сензационално или не, сепак Драган Стојковиќ Пикси, има шанси да биде селектор на Ј.Кореја. Оваа информација ја потврди самиот Стојковиќ во интервју за јужнокорејскиот портал „KBS“, кој постави

ГЕРМАНИЈА ВО СЕПТЕМРИ НА ИЗБОРИ СЕ СООЧУВА САМА СО СЕБЕ, АфД води на анкетите

 Етаблираните партии, оние кои сега се власт плус Социјалдемократите кои ја загубија власта во Германија, досега не беа во можност да го спречат порастот на десничарската AfD (Алтернатива за Германија) во анкетите

14 години од смртта на Арбен Џафери – од демонстрациите во Тетово и животот во Приштина до еден од највлијателните политичари во Македонија

На 15 август 2012 година, на 64-годишна возраст, почина Арбен Џафери, долгогодишен политичар, интелектуалец и еден од најзначајните претставници на албанската политичка сцена во Македонија. Денес се навршуваат 14 години од неговата
Go toTop