Венс за преговорите со Иран во Швајцарија: Oчекувам дополнителен напредок во наредните часови

June 21, 2026
1 min read

Во екот на повторна ескалација на судирите меѓу Либан и Израел, што доведе до нови ирански закани за спуштање на „рампата“ на Ормускиот теснец – во малиот швајцарски рај – Бургеншток кај Луцерн, официјално стартуваше првата рунда преговори од 60 дневното примирје – кое треба да донесе траен мир на Блискиот Исток. На маса, меѓу другите се три клучни точки – Иран да се откаже од нуклеарната програма, Ормускиот теснец да биде пловен и укинувањето на санкциите од Вашингтон за Техеран.

Американското и Иранското лидерство никогаш не се сретнале на толку високо ниво – а предводникот на делегацијата од Вашингтон – потпреседателот на САД, Џеј Ди Венс, по новиот фронт во Либан порача дека се работи на целосен прекин на огнот и дека треба целосно да се „испеглаат“ несогласувањата меѓу сите вклучени за да се постигне конечен регионален мир. Венс вели дека насоките од Трамп се преку дипломатија да се сврти нов лист на Блискиот Исток, но не исклучува ризик од врачање на состојбите и на „старо“.  

„Претседаетлот побара од нас да свртиме нов лист, да го трансформираме нашиот однос со иранскиот народ и да подадеме рака што ќе му покаже на народот во Иран дека, ако вашето раководство е подготвено да се од тоа да биде двигател на регионалната нестабилност, ако се подготвени да се откажат од амбициите за нуклеарно оружје на долг рок, тогаш САД се подготвени фундаментално да го трансформираат односот со таа земја. Тоа, секако е нашата цел, а веќе постигнавме голем напредок во последните неколку часа, а очекувам и дополнителен напредок во наредните часови.“

На масата спроти Венс, специјалниот пратеник Стив Витков и советникот и зет на Трамп, Џеред Кушнер седнаа  Багер Галибаф- претседател на иранскиот парламентот и шефот на дипломатијата Абас Арагчи– од кои допрва се очекува првата оценка за текот на преговорите. Во меѓувреме од техеран се огласи претседателот Пезешкијан – кој порача дека Иран нема да се откаже од своето право на збогатување ураниум.

„Сите знаете што говореше претседателот на САД. Тој направи целосно свртување од 180 степени. Велеше дека Иран мора безусловно да се предаде. „Иран нема право да го прави ова, Иран нема право да го прави она“, потоа одржа говор и рече дека „Иран има право да го прави ова, има право да го поседува тоа“, со други зборови тој се смени за 180 степени во споредба со неговите претходни позиции и прифати дека не можат да ги игнорираат нашите права.“

Во преговорите во Швајцарија посредуваат Пакистанскиот премеир  – Шехбаз Шариф и началникот на армијата, Асим Мунир кои се подолг период комуникациски канал помеѓу Вашинготн и Техеран, а во таа улога е дојден и катарскиот министер за надворешни  Мохамед бин Абдулрахман ал Тани.

Извор: vecer.mk

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Коњановски: „Car Show – Битола 2026“ со рекордна посетеност и богата програма

Следно

Еве зошто Франција (не)сака да биде прва во групата И!

Latest from Blog

Меџити: Чаир ќе ги одбележи ноемвриските празници со концерт на Рона Нишлиу

Албанската пејачка Рона Нишлиу ќе одржи концерт во Општина Чаир по повод ноемвриските празници, најави градоначалникот Изет Меџити. Меџити се сретна со Нишлиу за време на нејзиниот престој во Скопје, во рамки

Трамп не го доби Гренланд, но договори трајно американско присуство

САД добија речиси се’ освен присвојување на Гренланд – по неколкумесечните тензични кои предизвикаа глобален геополитички потрес, Вашингтон и Копенхаген постигнаа договор, САД влегува трајно, воено, на арктичкиот остров – Кралството Данска
Go toTop