Андоновски: До 2027 година Македонија целосно ќе се поврзе со Европскиот дигитален паричник

June 15, 2026
1 min read

Македонија си постави амбициозна цел – до крајот на 2027 година да биде целосно интероперабилна со европскиот дигитален паричник. Министерот за дигитална трансформација, Стефан Андоновски, во гостувањето во емисијата „Топ Тема“ на Телма, истакна дека фокусот е ставен на олеснување на секојдневието на граѓаните преку дигитализација на личните документи и воведување на електронски потпис.

Според министерот, веќе е поставена законската основа за овој процес преку измените во Законот за електронска идентификација и доверливи услуги.

„За прв пат утврдивме што е тоа дигитален паричник. Таму стојат информациите дека и личната карта, и возачката дозвола, дипломите, потврдите и изводите во електронска форма се признаени. Наша обврска е до крајот на 2027 година да бидеме целосно поврзани со европскиот систем“, изјави Андоновски.

Тој најави дека следната надградба на апликацијата ќе вклучува и електронски потпис, што ќе овозможи граѓаните да завршуваат голем дел од административните обврски без физичко присуство на шалтерите.

Иако законската рамка постои, министерот признава дека најголемиот предизвик не е технологијата, туку отпорот кај администрацијата и „традиционалниот“ начин на работа.

„Проблемот не е технички, туку човечки. Најчесто потекнува од вработените во администрацијата. Имаме менталитет кој вели: ‘Ние сега ќе се дигитализираме, ама кажете им на луѓето пак на хартија да ни ги носат податоците’. Тоа е култура на ‘си работевме вака досега, зошто да менуваме’“, дециден е министерот.
Тој додава дека е потребно т.н. „change management“ или управување со промени за да се надмине овој внатрешен отпор во институциите.

Во моментов, на националниот портал се достапни 326 услуги, што е значителен скок во однос на претходните години, но амбициите се поголеми.

„Наша обврска е до јуни следната година да стигнеме до 400 услуги на порталот. Системите постојат, не треба да се измислува топла вода или да се плаќаат надворешни компании. Потребна е само желба и дедицирани ресурси од секоја институција поединечно“, истакна Андоновски.
Министерот упати повик до сите институции да одредат буџет и луѓе кои ќе го истуркаат овој процес до крај, нагласувајќи дека Министерството за дигитална трансформација ги става на располагање сите свои ресурси за да се постигне крајната цел – модерна и дигитализирана Македонија.

Извор: zurnal.mk

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Аморим и дефинитивно е новиот стратег на Милан

Следно

Вчера пред Белата куќа се слушна: „Мишел Обама е маж“ (ВИДЕО)

Latest from Blog

Бетис како гостин го “реши“ Виљареал

ФОТО:.facebook.com/realbetisbalompie Бетис го победи Виљареал со 2:1 на гостински терен во последниот натпревар од петтото коло на Ла Лига. Бетис победи по пресврт, со головите на Ернандез и Натан, додека Жерар Морено

Трамп пушта музика во авион на најсилно- сите се изненадени од неговиот избор (ВИДЕО)

За време на летот, тој им пушти песни од неговата „одобрена плејлиста“, за која рече дека поголемиот дел од неа самиот ја составил. Пред да започне музиката, стјуардесата им го пренесе прашањето

Легендарниот Џејмс Милнер се врати во Ливерпул

ФОТО:.facebook.com/LiverpoolFC Легендата на Премиерлигата, Џејмс Милнер, се врати во Ливерпул. На крајот од минатата сезона, Џејмс Милнер ја заврши својата 24-годишна кариера како рекордер со најмногу одиграни натпревари во Премиерлигата. Милнер не

Најмалку 21 жртва во страшна сообраќајна несреќа во Јужна Африка

Несреќата се случи во недела навечер во покраината Западен Кејп помеѓу малите градови Принц Алберт и Лиу-Гамка, околу 380 километри источно од Кејптаун, соопшти Корпорацијата за управување со патниот сообраќај, пренесува АП.
Go toTop