Од арогантно и разгалено детиште, до вистински лидер: Килијан Мбапе со еден потег покажа зошто е новиот капитен на Франција

March 23, 2023
1 min read

Килијан Мбапе значително се промени во последните години. Од арогантно и разгалено детиште стана вистински лидер. Пред неколку дена ја доби честа да ја носи капитенската лента на француската репрезетација. Иако има само 24 години, Мбапе ја доби довербата од селекторот Дидие Дешамп да биде капитен на една од најсилните селекции на денешницата.

Одлуката да му се додели капитенската лента на Мбапе не им се допадна на сите, особено на Антоан Гризман, кој изрази одредено незадоволство. Гризман на својот роденден реши да го напушти кампот и да се прости од репрезентацијата, што јасно го покажува неговото разочарување. По таа одлука, Мбапе го направи вистинскиот потег, достоен за капитен.

Фудбалерот на ПСЖ реши да го врати назад Гризман и приватно да разговара со него. Француските весници пренесуваат дека една реченица од Мбапе била доволна за да го смири Гризман и двајцата се прегрнале која ја напуштиле просторијата во која разговарале. Мбапе му порача на Гризман, кој беше назначен за заменик капитен, дека го разбира неговото незадоволство, но дека го смета за лидер и многу важен играч за тимот. Сето ова се случи откако на напаѓачот на Атлетико Мадрид му беше врачена торта по повод неговиот 32-ор роденден.

Заедно со останатите играчи Мбапе му пееше роденденска честитка на репрезентативниот колега, а после тоа имаше разговор кој ги смири тензиите.

Гризман е еден од најважните играчи на француската репрезентација во последната деценија, а одличните игри во дресот на „триколорите“ ги круниса со освојување на Светското првенство во Русија. Тој имаше значајна улога и на Светското првенство во Катар, но Мбапе го засени со осум гола на турнирот и со тоа го стави во втор план. Французите со домашен натпревар против Холандија утревечер ги отвораат квалификациите за Европското првенство во Германија.

ИЗВОР: kurir.mk

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MARKETING

Претходно

По смртта на малата Јана, вонреден инспекциски надзор во битолската болница

Следно

Елмас носи водство за Македонија против Малта

Latest from Blog

Меџити: Полицијата го задржала автомобилот на Ахмети 24 часа поради сомнеж дека Груевски можел да го користи за бегство

Скопје, 3 септември 2025 – Првиот заменик-претседател на Владата и кандидат на ВЛЕН за градоначалник на Чаир, Изет Меџити, изнесе нова сериозна обвинение против претседателот на ДУИ, Али Ахмети. Во интервју за

Коњановски ги слуша битолчани: Идеите за поубава општина

Битола, 3 септември 2025 – Денес градоначалникот на општина Битола, Тони Коњановски, оствари средби со жителите на населбата Карпош, од урбаните заедници Тодор Ангелевски и Естреа Овадија Мара. Преку кампањата „Предложи идеја“,

Сајкоски: ВМРО-ДПМНЕ оди на сигурна победа на локалните избори и работи за добро на граѓаните

Извршниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ на денешната редовна седница избра уште 16 кандадати за градоначалници за претстојните локални избори. За кандадат за градоначалник на општина Сопиште е избран Јане Мицески, за Кичево Александар
Go toTop