САД извршија НАПАДИ ВРЗ ИРАНСКИ ВОЕНИ ЦЕЛИ

June 1, 2026
1 min read

Американската војска потврди дека извршила нови воздушни напади врз цели во Иран, оценувајќи дека станува збор за одбранбена акција преземена како одговор на неодамнешното соборување на американско беспилотно летало.

Централната команда на Соединетите Американски Држави (ЦЕНТКОМ) соопшти дека американските сили во текот на викендот извршија одбранбени напади врз ирански командни центри за радари и беспилотни летала во местото Горук и на островот Кешм.

Според соопштението на ЦЕНТКОМ објавено на социјалната мрежа Икс, нападите се изведени како одговор на агресивни активности на Иран, меѓу кои и соборувањето на американскиот дрон MQ-1 над меѓународни води.

„Американските борбени авиони брзо реагираа и уништија ирански системи за воздушна одбрана, копнена контролна станица и два еднонасочни нападни дрона што претставуваа закана за бродовите што пловеа во регионалните води“, се вели во соопштението.

Од ЦЕНТКОМ велат и дека во операцијата нема повредени американски војници.

Оттаму додаваат дека ќе продолжат да ги штитат американските сили и интереси како одговор на, како што се вели во соопштението, неиспровоцираната иранска агресија за време на тековното примирје.

Извор: vecer.mk

VERO marketi

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Каква е состојбата на патиштата?

Следно

ВЛЕН: Уште еден поранешен министер на ДУИ без резултати за студентите

Latest from Blog

Чад ги прекри САД и Канада- на граѓаните им се препорачува да не излегуваат од дома (ВИДЕО)

Чадот од шумските пожари што беснеат во Канада и американската држава Минесота покри големи делови од Средниот Запад и Североисток, сериозно деградирајќи го квалитетот на воздухот и изложувајќи милиони луѓе на опасни

Силен земјотрес од 7,3 степени го погоди Мексико, зградите се виткаат како од гума- се очекува цунами (ВИДЕО)

Силен земјотрес го погоди брегот на мексиканската држава Чијапас, предизвикувајќи предупредување за цунами. Американскиот геолошки завод (USGS) соопшти дека земјотресот имал магнитуда од 7,3 степени. 🇲🇽 #BREAKING: Terrifying video captures buildings swaying
Go toTop