Груевски добил унгарско државјанство во 2022 година: Може да му се одзеде ако се докаже дека е стекнато со измама

May 29, 2026
1 min read

Унгарија останува сигурно засолниште за поранешниот македонски премиер Никола Груевски благодарение на унгарското државјанство кое го добил во 2022 година.

За тоа дека Груевски поседува унгарско државјанство објави „Фокус“ на 21 април, неколку дена по падот на Виктор Орбан, а сега, тоа го потврди и унгарски медиум повикувајќи се на извор во унгарската влада.

Истражувачкиот портал (ВиСквер) VSquare, пишува дека Груевски, кој живее во Будимпешта од 2018 година, добил целосно унгарско државјанство во 2022 година, врз основа на „државен интерес на Унгарија“. Според друг владин извор, се верува дека тој и натаму престојува во земјата. Тоа ја прави неговата екстрадиција назад во Македонија речиси невозможна.

Премиерот Петер Маѓар уште при стапувањето на функцијата најави дека Унгарија повеќе нема да служи како засолниште за меѓународни криминалци. Двајца од најпознатите „станари“ на таквиот систем експресно реагираа и ја напуштија земјата. Поранешниот полски министер за правда Збигњев Зјобро, кој доби азил по бегството во Унгарија во 2025 година, беше забележан на аеродромот „Њуарк Либерти“, САД во мај годинава.

Неговиот поранешен заменик Марчин Романовски, кој кон крајот на 2024 година избега во Будимпешта по обвиненија за злоупотреба на јавни средства, наводно не успеал да влезе во САД и подоцна бил забележан во Србија и Хрватска, додека полските служби трагаат по него.

Сепак, според порталот, Унгарија Груевски веројатно нема да мора да го повторува тоа сценарио.

Позицијата на Груевски е значително посигурна од онаа на полските бегалци, пишува VSquare. Додека политичкиот азил може да биде укинат, одземањето државјанство е далеку потешка правна постапка. Тоа му обезбедува ниво на заштита што го прави имун на ветувањата на Маѓар за екстрадиција.

Одземањето на државјанството би барало да се докаже дека е стекнато со измама или корупција. Во вториот случај – со оглед дека е доделено поради „државен интерес“ – обвинителството би требало да докаже вмешаност на највисоки претставници на владата на Виктор Орбан. Што, се разбира, не е невозможно.

Груевски избега од Северна Македонија во ноември 2018 година, непосредно пред да започне со издржување затворска казна од две години во случајот „Тенк“ – пресуда за корупција поврзана со набавка на оклопен луксузен „мерцедес“ во вредност од 600.000 евра. Владата на Орбан потоа му одобри политички азил.

Извор: zurnal.mk

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Скалони ги отвори картите: Меси ја предводи Аргентина на уште еден мундијал

Следно

Голем пожар во Далас: Густ чад се издигаше од станбениот комплекс (ВИДЕО)

Latest from Blog

Проданоски: Детските насмевки се најголемата победа на велосипедската трка

Над 200 деца учествуваа на „Ептен мини детската велосипедска трка“, која денеска се одржа на булеварот „Гоце Делчев“ во Прилеп. Најмладите велосипедисти возеа со поддршка од родителите и најблиските, проследени со аплаузи

Општина Битола: Училиштата добиваат обновени терени, продолжува изградбата на спортските сали

Изградбата и реконструкцијата на 24 училишни спортски терени и четири типски спортски сали ја одбележуваат годинава во Битола, информираат од Општината. Дел од проектите се завршени, додека останатите се во фаза на

Николоски: Околу шест милиони евра инвестираме во инфраструктурниот развој на Кичево

Заменик претседателот на Владата и министер за транспорт, Александар Николоски, денеска оставри работна посета на општина Кичево, каде со градоначалникот Александар Јовановски изврши увид во реконструкција на улица Рудничка. Ова е проект

ИЗИР: Македонија не смее да го пропушти моментумот за одржливо искористување на минералните ресурси

Македонија не смее да го пропушти моментумот што се создава во Европа во однос на обезбедувањето критични минерални суровини и да дозволи потенцијалот на домашните наоѓалишта, меѓу кои и Иловица–Штука, да остане

Општина Битола: Градот го слави ослободувањето низ „Сите бои на сеќавањето“

Под слоганот „Сите бои на сеќавањето“, Битола го одбележува 4 Ноември, Денот на ослободувањето на градот, со програма што ги поврзува историската меморија, културата, спортот и хуманоста. Настаните се одржуваат од 30
Go toTop