ВЛЕН: Зошто ДУИ ја брани урбаната мафија во Тетово?

May 25, 2026
1 min read

Редот и законот вратени во Тетово со владеењето на Билал Касами станаа трн во око за ДУИ. Тие што сакаа да го претворат Тетово во пашалак на Дака Давидовиќ, човек на американската црна листа, и ја оставија општината со долг од 24.000.000 евра, не можат да сфатат како Билал Касами го трансформираше Тетово за само еден мандат, истовремено намалувајќи го долгот. Во времето на ДУИ, не можеше да се изгради Стадионот на Тетово поради приватни узурпации на имотите. Беа узурпирани и Спортскиот центар и многу други јавни имоти. ДУИ ги затвораше очите и ушите пред урбаната мафија поради коруптивни интереси, велат од ВЛЕН.

– Со доаѓањето на Билал Касами на чело на Тетово, имотите им беа вратени на граѓаните. Стадионот на Тетово конечно се гради. Се градат патишта и булевари. За првпат по многу децении се градат две средни училишта во Тетово.

Покрај решавањето на проблемите со основната инфраструктура, водоснабдувањето и канализацијата, ВЛЕН и Билал Касами градат и спортски сали и базени, претворајќи го Тетово во европски град.

Овој развој ѝ пречи само на ДУИ. Опозицијата има носталгија за времето кога двојката Бајрам Реџепи – Теута Арифи ја задолжија општината, ги продаваа јавните имоти на сомнителни проруски бизнисмени и ги оставија тетовци во кал и беда.

За среќа, тоа време повеќе нема да се врати. Тетово јасно зборуваше на локалните избори. Убедливата победа на ВЛЕН со разлика од 5.000 гласови беше јасна порака и за ДУИ, и за урбаната мафија, и за сомнителните агенди дека Тетово го затворило мрачното поглавје на корупцијата, хаосот, стагнацијата и деградацијата. Тетово оди напред кон развој и благосостојба. Тетово не запира, тврдат од партијата.

Извор: zurnal.mk

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Познати патниците на Мундијалот под знамето на Шпанија

Следно

Трамп најави проширување на историскиот договор: Тоа ќе смени сѐ

Latest from Blog

Проданоски: Детските насмевки се најголемата победа на велосипедската трка

Над 200 деца учествуваа на „Ептен мини детската велосипедска трка“, која денеска се одржа на булеварот „Гоце Делчев“ во Прилеп. Најмладите велосипедисти возеа со поддршка од родителите и најблиските, проследени со аплаузи

Општина Битола: Училиштата добиваат обновени терени, продолжува изградбата на спортските сали

Изградбата и реконструкцијата на 24 училишни спортски терени и четири типски спортски сали ја одбележуваат годинава во Битола, информираат од Општината. Дел од проектите се завршени, додека останатите се во фаза на

Николоски: Околу шест милиони евра инвестираме во инфраструктурниот развој на Кичево

Заменик претседателот на Владата и министер за транспорт, Александар Николоски, денеска оставри работна посета на општина Кичево, каде со градоначалникот Александар Јовановски изврши увид во реконструкција на улица Рудничка. Ова е проект

ИЗИР: Македонија не смее да го пропушти моментумот за одржливо искористување на минералните ресурси

Македонија не смее да го пропушти моментумот што се создава во Европа во однос на обезбедувањето критични минерални суровини и да дозволи потенцијалот на домашните наоѓалишта, меѓу кои и Иловица–Штука, да остане

Општина Битола: Градот го слави ослободувањето низ „Сите бои на сеќавањето“

Под слоганот „Сите бои на сеќавањето“, Битола го одбележува 4 Ноември, Денот на ослободувањето на градот, со програма што ги поврзува историската меморија, културата, спортот и хуманоста. Настаните се одржуваат од 30
Go toTop