Фудбалерите на Арсенал остварија уште една висока и исклучително значајна победа во битката за титулата во Премиерлигата. Вечерва на домашен терен, „топчиите“ со 3:0 беа подобри од Фулам и остварија предност од 6 бода пред Манчестер Сити, кој има и два натпревари помалку, во тековната битка за шампионскиот пехар.
Арсенал, без разлика што веќе во вторник го очекува тежок реванш со Атлетико (М) во Лигата на шампионите, тргна со сите сили на мечот со Фулам и брзо успеа да капитализира висока предност. Ѓокереш во 9. минута погоди за 1:0, по што следуваше возбудлива завршница на првиот дел каде Сака во 40. минута зголеми на 2:0, а Ѓокереш со својот втор гол во 4 минута од судиското продолжение ги донесе домашните и до 3:0.
Арсенал мудро го одигра вториот дел и не дозволи изненадувања.
Извор: vecer.mk

