Трамп со ултиматум до Техеран: Отворање на Ормускиот теснец во рок од 48 часа или „уништување“ на електраните

March 22, 2026
1 min read

 Само ден откако америкаснкот претседател Трамп најави намалување на воените операции, тој сега му постави ултиматум на Иран.  Заканувајки се дека ќе ги уништи неговите електрани, доколку во рок од 48 часа не го отворат целосно Ормутскиот Теснец.

-Доколку Иран не го отвори целосно, без закана, Ормускиот Теснец во рок од 48 часа од овој момент, САД ќе ги нападнат и ќе ги уништат нивните електрани, почнувајќи прво од најголемата – напиша Трамп на неговата социјална мрежа „Трут Соушал“. 

Техеран на ова одговори со контра-закани – Во соопштение на портпаролот на оперативната команда стои дека доколку се остварат нападите врз енергетската инфраструктура, иранската армија ќе ги напане  и постројките за десалинизација во регионот, од кои вода за пиење обезбедуваат околу 100 милиони луѓе од земјите од Персискиот Залив.

Доколку непријателот ја нападне нафтената и енергетската инфраструктура на Иран, целта ќе биде целата енергетска, информатичка и инфраструктура за десалинизација што им припаѓа на САД и на режимот во регионот. – стои во соопштението објавено од државната агенција Мехр

Дел од медиумите го пренесуваат и ставот на иранскиот претставник во Меѓународната поморска организација при ОН, Али Мусави, кој вели Ормутскиот Теснец останува отворен за сите бродови, освен за „непријателите на Иран“.

Во меѓувреме ракетните напади во регионот продолжуваат. Цел на Иран ноќеска биле израелските градови Арад и Димона, при што повредени се повеќе од 100 лица,а  регистрирана е значителна материјална штета.

Во меѓувреме борбите во регионот продолжуваат. По иранските ракетни напади врз израелските градови Арад и Димона, повредени се повеќе од 100 лица, регистрирана е значителна материјална штета, а наставата во училиштата е прекината. „Имавме тешка ноќ“, изјави израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху, кој порача дека ќе продолжат борбите со непријателот и обвини дека Иран свесно напаѓа цивилни подрачја, повикувајќи ги граѓаните да се евакуираат.

-Во оваа борба победуваме, се одмаздуваме на непријателот и нашите раце се уште се испружени. Но, ве молам вас, граѓани на Израел, мои браќа и сестри, граѓани на Израел, да влезете во заштитените подрачја. Немојте да бидете замаглени, немојте да бидете рамнодушни, го слушате првото предупредување, одете директно во заштитеното подрачје,-Бенјамин Нетанјаху – премиер на Израел.

Поради новите напади, Израел одлучи и следните два дена наставата во училиштата да биде прекината и да се префрли он-лајн..

Извор: vecer.mk

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

VERO marketi

Претходно

Мицкоски: Нема простор за зголемување на платите во Обвинителството, во делот на ресурсите и алатките можеме да разговараме и со нив и со судовите

Следно

Маглешов: Две теории за ист случај од едно Обвинителство, време е за навремена ревизија

Latest from Blog

Божиновска: Скопје се враќа на мапата како регионален центар за енергетска соработка

Министерството за енергетика, рударство и минерални суровини, во соработка со Обединетите нации, UNDP и UNECE, годинава ќе биде домаќин на Форумот за зелена транзиција на Западен Балкан, со кој Скопје повторно се

Честитки за Босна и пласманот во елиминациите, Бразил дефинитивно е еден од фаворитите

Завршницата на групната фаза од тековниот Мундијал во САД, Мексико и Канада е во полн ек. Третото коло минува, дел од репрезентациите слават пласман понатаму, а дел од нив веќе ги пакуваат

Моменти на ужасот во Венецуела: Бројот на жртви нагло се зголеми- УСГС предвидува 10.000 загинати (ВИДЕО)

Засега во земјотресите загинале 164 лица, додека Геолошкиот институт на САД, УСГС,  предвидува дека црниот биланс би можел да достигне до 10.000. Así se vio el Terremoto en caracas VENEZUELA, La pastora se

Муцунски – Гоунтанис: потврдена заедничката посветеност за продлабочување на стратешкото партнерство меѓу двете земји

Министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски, денеска оствари средба со заменик-потсекретарот за внатрешни работи на Соединетите Американски Држави, Џон Гоунтанис. Во фокусот на разговорот беа тековните активности поврзани со

Тони не бара чудо, бара шанса: Потребна е итна поддршка за операција на мозок закажана за 29-ти овој месец

Тони Ташев од Велес, роден 1975 година, се соочува со сериозна здравствена состојба и има потреба од итна оперативна интервенција. Од 2018 година тој води борба со Oligodendroglioma frontoparietalis, тумор на мозок, поради
Go toTop