Мора многу да се вложува во армиските капациети и во стручниот, професионален кадар, смета Мисајловски

March 16, 2026
1 min read

Министерот за одбрана Владо Мисајловски смета дека мора многу да се вложува во армиските капациети. Треба да се обнови инфраструктурата, но неопходен е и стручен, квалификуван кадар – пилоти, техничари, механичари, доктори,…

Како што рече вечерва, потребно е инвестирање во нова технологија и модернизација на Армијата.

Најави и обуки за новите хеликоптери, како и обуки на вработени во Министерството во други земји.

-Мора да ја обновиме инфраструктурата. Многу касарни порано беа дадени на општините и дел од тие се продадени, земјиштето е продадено. Тие капацитети ги нема. Се размислува за обука на пилоти, но потребни се и доктори, техничари, механичари, секаков квалитетен кадар. Ќе се распишуваат различни позиции, а секој што ќе се пронајде е добредојден. Најпрофесионалните луѓе се во Армијата, од нив може да се научи премногу, тие може да ги насочат младите на дисциплина, на здрав живот. Ќе има нов, свеж кадар и во Министерството, ги повикувам сите да следат, да се пријават, ќе се подобруваат условите, платите. Постојано ќе разговараме за подобри услови, рече Мисајловски во емисијата „За или против“ на Алфа ТВ.

Министерот потсети каква состојба наследил кога дошол на функцијата, нагласувајќи дека максимално посветено работи за подобрување на состојбите во Министерството и Армијата.

Извор: kurir.mk

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Проданоски: Пожарот на депонијата кај Алинци е локализиран

Следно

КАТАСТРОФАЛЕН ПАД НА ЦЕНИТЕ ЗА СТАН ВО ДУБАИ, ова е почеток крајот ќе биде уште полош

Latest from Blog

Меџити: Чаир ќе ги одбележи ноемвриските празници со концерт на Рона Нишлиу

Албанската пејачка Рона Нишлиу ќе одржи концерт во Општина Чаир по повод ноемвриските празници, најави градоначалникот Изет Меџити. Меџити се сретна со Нишлиу за време на нејзиниот престој во Скопје, во рамки

Трамп не го доби Гренланд, но договори трајно американско присуство

САД добија речиси се’ освен присвојување на Гренланд – по неколкумесечните тензични кои предизвикаа глобален геополитички потрес, Вашингтон и Копенхаген постигнаа договор, САД влегува трајно, воено, на арктичкиот остров – Кралството Данска
Go toTop