Проданоски: Пожарот на депонијата кај Алинци е локализиран

March 16, 2026
1 min read

Пожар избувна денеска околу 14 часот на градската депонија кај Алинци во Прилеп, по што на терен веднаш интервенирале повеќе служби и институции.

Градоначалникот на Прилеп, Дејан Проданоски, информираше дека веднаш по добиената информација на местото на настанот пристигнале екипи на Територијалната противпожарна единица – Прилеп, Дирекцијата за заштита и спасување, како и екипи на ЈКП „Комуналец“ и „Водовод и канализација“, со механизација и работна сила. Во гаснењето на пожарот се вклучиле и неколку општествено одговорни компании.

Според Проданоски, пожарот во моментов е ставен под контрола, а екипите продолжуваат со активности за негово целосно гаснење и спречување на евентуално ширење на огнот.

Тој апелираше до граѓаните да не шират непроверени информации на социјалните мрежи, туку да ги следат официјалните соопштенија од надлежните институции, со цел да се избегне непотребна паника.

По теренскиот увид бил одржан и координативен состанок со Општинскиот штаб за заштита и спасување, на кој биле утврдени насоките за понатамошно делување на сите релевантни институции.

Поради безбедно одвивање на сообраќајот на патниот правец Прилеп – Битола, вечерва ќе биде зголемено присуството и контролата на сообраќајната полиција.

Проданоски истакна дека настанот уште еднаш ја потврдува потребата од трајно и системско решение за управување со отпадот, односно изградба на регионална депонија со современи стандарди, со цел заштита на животната средина и здравјето на граѓаните.

Извор: zurnal.mk

VERO marketi

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Пеп со специјална порака до своите играчи пред утрешниот реванш со Реал Мадрид!(ВИДЕО)

Следно

Мора многу да се вложува во армиските капациети и во стручниот, професионален кадар, смета Мисајловски

Latest from Blog

Ѓорѓиевски: Парична помош за 456 онколошки пациенти во наредните два дена

Во текот на наредните два дена, 456 онколошки пациенти ќе добијат парична помош, сподели денеска скопскиот градоначалник Орце Ѓорѓиевски на неговата Фејсбук-страница. Во миговите кога животот нè соочува со најтешките предизвици, нашата

Феран Торес: Барса мора да покаже дека ме сака!

ФОТО:.facebook.com/fcbarcelona/ Шокантни беа најавите дека Феран Торес би можел да си замине од Барселона и да направи трансфер во ПСЖ. Неговата ситуацијата многу се промени по Светското првенство бидејќи тој беше херој

ИЗГОРЕНИ АВТОМОБИЛИ, ЗАТВОРЕНИ ПЛАЖИ И УЛИЦИ ПРЕПОЛНИ СО ОТПАД – Фнидек во хаос по мигрантскиот бран кон Сеута

Фидек е под засилени безбедносни мерки откако масовно движење на мигранти кон шпанската енклава Сеута го наруши мирот во ова крајбрежно место. Плажите се затворени со бариери, а вооружени марокански полицајци се

Водата во Скопје е квалитетна и безбедна за пиење

ЈП „Водовод и канализација“ – Скопје соопшти дека водата за пиење во главниот град е безбедна и ги исполнува сите законски стандарди за квалитет. Според неделниот лабораториски извештај, во периодот од 27
Go toTop