Малиновски: Државниот јавен обвинител треба да се бира со двотретинско мнозинство, но ниту една власт досега не посегнала по таква интервенција

March 12, 2026
1 min read

Идејата за двотретинско гласање при изборот на државен јавен обвинител одамна се провлекува и таа е доста квалитетна сугестија, меѓутоа ниту една власт која го носи законско решение не посегнува по таква интервенција, изјави адвокатот Драган Малиновски во вечерашната дебата во „Вин-Вин“ на ТВ Телма.

„Тоа е добро од една едноставна причина. Прво, за да биде избран ќе треба да биде прифатлив за поширокиот дел од политичкиот спектар. И второ што е поважно, ќе даде една стабилност на државниот обвинител додека го извршува својот мандат да не може, ако некому не му се допадне некое решение или постапка, веднаш да биде разрешен од функцијата“, смета Малиновски.

Поголемиот стаж што го има во судница како судија за мене е предност, изјави адвокатот Драган Малиновски во „Вин-Вин“ на ТВ Телма за изборот на Ненад Савевски за кандидат за државен јавен обвинител.

„Ќе беше прекрасно да некој стаж да имал и како адвокат, па да ги има сите аспекти пред себе кога настапува од позицијата на државен јавен обвинител. Биографијата е сосема коректна, гледам каде бил се активен, надвор од она што бил како судија“, смета Малиновски.

Извор: zurnal.mk

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

ЛЕ и ЛК: Селта ремизираше со Лион, Митјиланд го шокираше Нотингем Форест

Следно

Мицкоски: Нашиот фокус е консолидирање и економски раст на државата, како и на редовни парламентарни избори во 2028 година

Latest from Blog

Меџити: Чаир ќе ги одбележи ноемвриските празници со концерт на Рона Нишлиу

Албанската пејачка Рона Нишлиу ќе одржи концерт во Општина Чаир по повод ноемвриските празници, најави градоначалникот Изет Меџити. Меџити се сретна со Нишлиу за време на нејзиниот престој во Скопје, во рамки

Трамп не го доби Гренланд, но договори трајно американско присуство

САД добија речиси се’ освен присвојување на Гренланд – по неколкумесечните тензични кои предизвикаа глобален геополитички потрес, Вашингтон и Копенхаген постигнаа договор, САД влегува трајно, воено, на арктичкиот остров – Кралството Данска
Go toTop