Лашкоска на средба со млади од регионот: Младите се партнери во зелената транзиција

March 10, 2026
1 min read

Заменик министерката за животна средина и просторно планирање, Ане Лашкоска, денес во просториите на Министерството за животна средина и просторно планирање одржа едукативна работна средба со група млади учесници, организирани од младинската невладина организација „Младински образовен форум“ (МОФ).

На средбата, заменик министерката Лашкоска ги запозна младите со организацијата и функционирањето на Министерството, неговите надлежности, како и со клучните програми и проекти што се реализираат во насока на подобрување на животната средина.

Посебен акцент беше ставен на активностите за справување со климатските промени, подобрување на квалитетот на воздухот, забрзување на зелената транзиција и отворање нови зелени работни места, заштитата на природните ресурси и националните паркови, како и на значењето на едукацијата и подигнувањето на еколошката свест кај младите.

„Младите се носители на нови идеи, енергија и визија за поодржлива иднина. Затоа Министерството за животна средина и просторно планирање останува отворено за соработка со младите и со младинските организации, со цел заеднички да креираме политики и проекти кои ќе придонесат за зелена транзиција, подобра заштита на природата и поквалитетна животна средина за идните генерации“, истакна заменик министерката Лашкоска.

Средбата беше реализирана во рамки на „Регионалната програма за младинско лидерство и мобилност“ (RYLMP), која јаA спроведува Младинскиот образовен форум во партнерство со Center Science and Innovation for Development (SCiDEV) од Албанија и Youth Initiative for Human Rights (YIHR) од Србија. Програмата предвидува институционални и едукативни посети, преку кои младите од регионот имаат можност директно да се запознаат со работата на институциите и со конкретни политики и проекти на теми од значење за младите.

Во рамки на програмата, младите учесници работат и на подготовка на истражувања и планови за застапување под менторство на искусни истражувачи, на теми како што се регионалната соработка, младинското учество, иселувањето, образованието, невработеноста, како и дигиталната и зелената транзиција.

Министерството за животна средина и просторно планирање останува посветено на градење партнерство со младите, препознавајќи ја нивната креативност, знаење и енергија како важен двигател на зелената транзиција и на создавањето поодржлива иднина за сите граѓани.

Извор: zurnal.mk

VERO marketi

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Проданоски: Продолжува уредувањето на улиците во Прилеп за граѓаните

Следно

Трипуновски: Извозот на земјоделски производи за 2025 изнесуваше 416,7 милиони евра

Latest from Blog

Нема укинување на вториот пензиски столб

Нема најава за укинување на вториот пензиски столб, уверува премиерот Христијан Мицкоски, откако во јавноста се појавија низа прашања по најавите дека започнале сеопфатни анализи на пензискиот систем и ризиците со вториот

Чешка има нов селектор

Репрезентацијата на Чешка, по слабиот настап на годинешниот Мундијал, реши да постави нов селектор. Чесите за прв пат во историјата ќе имаат странец на кормилото на фудбалската репрезентација. Се работи за шпанскиот

Најмалку 34 загинати во експлозија на метан во рудник во Пакистан (ВИДЕО)

Спасувачките операции се во тек за пронаоѓање и извлекување на уште двајца рудари кои беа заробени под земја, изјави Мухамед Фахад, директор за операции на покраинската управа за управување со катастрофи. Покраинскиот

Сали: Соработката со Турција продолжува да ги зајакнува институционалните капацитети и процесот на европска интеграција

Првиот заменик-претседател на Владата и министер за европски прашања, Беким Сали, се обрати на отворањето на Програмата за обука за управување со проектен циклус во рамките на иницијативата IPABRIDGE, која се одржува

Коњановски: Светското фолклорно шаренило е најубавата промоција за Битола

Битола повторно беше место каде се сретнаа различни култури, традиции и фолклорни богатства од целиот свет. Во рамки на фестивалот „Илинденски денови“, градоначалникот на Битола, Тони Коњановски, организираше прием и фолклорна дружба
Go toTop