Трипуновски: Извозот на земјоделски производи за 2025 изнесуваше 416,7 милиони евра

March 10, 2026
1 min read

„Согласно податоците на Државниот завод за статистика за 2025 година извозот на земјоделски производи бележи значителен раст и достигна 416,7 милиони евра, што претставува зголемување од околу 85 милиони евра во споредба со 2024 година“, истакна министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Цветан Трипуновски, во емисијата „Топ тема“ на Телма телевизија.

Тој додаде дека и покрај одредени промени во увозот, земјата има значителна позитивна разлика во трговската размена.

„Ако говориме за увоз на земјоделски производи, во 2024 година бил околу 177 милиони евра, додека во 2025 година бил околу 202 милиони евра. Имаме благ пораст, но ако се зеде делот со извоз и увоз имаме позитива од околу 215 милиони евра“, нагласи министерот Трипуновски.

Министерот потенцираше дека секторот на примарно земјоделско производство има клучна улога во вкупниот извоз.

„Ако извозот на прехранбени производи е околу 414 милиони евра, а извозот на земјоделски производи е 416 милиони евра, тоа значи дека како сектор на примарни земјоделски производи сме на прво место по извоз“, истакна тој.

Министерот посочи дека позитивните трендови се забележуваат и во делот на откупот и продажбата на земјоделски производи.

„Имаме сериозен раст во делот на откуп и продажба на земјоделски производи согласно податоците на Државниот завод за статистика. Во делот на инпутите во откупот и продажбата имаме намалување, додека кај аутпутите имаме зголемување. Во четвртото тромесечие имаме откуп и продажба на земјоделски производи во износ од 12,5 милијарди денари“, истакна министерот Трипуновски.

Владата заедно со Министерството продолжува со политики и мерки насочени кон зголемување на домашното производство и зајакнување на конкурентноста на македонските земјоделски производи.

Извор: kurir.mk

VERO marketi

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Лашкоска на средба со млади од регионот: Младите се партнери во зелената транзиција

Следно

Британците ги откажаа летовите за Абу Даби до крајот на годината

Latest from Blog

Чешка има нов селектор

Репрезентацијата на Чешка, по слабиот настап на годинешниот Мундијал, реши да постави нов селектор. Чесите за прв пат во историјата ќе имаат странец на кормилото на фудбалската репрезентација. Се работи за шпанскиот

Најмалку 34 загинати во експлозија на метан во рудник во Пакистан (ВИДЕО)

Спасувачките операции се во тек за пронаоѓање и извлекување на уште двајца рудари кои беа заробени под земја, изјави Мухамед Фахад, директор за операции на покраинската управа за управување со катастрофи. Покраинскиот

Сали: Соработката со Турција продолжува да ги зајакнува институционалните капацитети и процесот на европска интеграција

Првиот заменик-претседател на Владата и министер за европски прашања, Беким Сали, се обрати на отворањето на Програмата за обука за управување со проектен циклус во рамките на иницијативата IPABRIDGE, која се одржува

Коњановски: Светското фолклорно шаренило е најубавата промоција за Битола

Битола повторно беше место каде се сретнаа различни култури, традиции и фолклорни богатства од целиот свет. Во рамки на фестивалот „Илинденски денови“, градоначалникот на Битола, Тони Коњановски, организираше прием и фолклорна дружба

Општина Битола: Бесплатен автобуски превоз за 55-та Семакедонска средба во Трново

Општина Битола организира бесплатен автобуски превоз за граѓаните кои сакаат да присуствуваат на 55-та Семакедонска средба, која ќе се одржи во недела, на 2 август, кај црквата „Успение на Пресвета Богородица“ во
Go toTop