Муцунски: Безбедноста на македонските граѓани е наш апсолутен приоритет, евакуацијата од Блискиот Исток се реализира успешно

March 9, 2026
1 min read

Министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски, на денешната тематска прес-конференција во Владата информираше за текот на евакуацијата на македонските државјани од земјите на Блискиот Исток, нагласувајќи дека безбедноста на граѓаните останува врвен приоритет на институциите.

„Од првиот момент на ескалацијата на безбедносната состојба на Блискиот Исток воспоставивме постојан кризен механизам. Преку кризен штаб и дипломатско-конзуларните претставништва бевме во 24-часовна комуникација со македонските државјани, со јасна цел – нивна безбедна, навремена и организирана евакуација“, изјави Муцунски.

Тој посочи дека станува збор за трета сложена операција од ваков обем во последните 12 месеци, по трагедијата со пожарот во Кочани и првата ескалација на конфликтот Израел–Иран.

„Ова уште еднаш ја потврдува подготвеноста и институционалниот капацитет на државата да реагира брзо, координирано и одговорно во кризни ситуации“, истакна министерот.

Муцунски информираше дека евакуацијата од Израел е успешно реализирана за сите лица кои изразиле подготвеност да ја напуштат државата по копнен пат. Пет лица биле евакуирани со владиниот авион преку Шарм ел-Шеик, додека за шест лица дипломатско-конзуларните претставништва во Тел Авив и Каиро асистирале во организацијата на нивното враќање со комерцијални летови.

Во однос на Обединетите Арапски Емирати, министерот соопшти дека веќе е реализиран лет со 151 патник, меѓу кои и странски државјани.

„Во моментов во оваа земја се евидентирани уште околу 430 македонски државјани, а во текот на оваа недела се планирани уште два лета“, рече Муцунски.

Дополнително, во Доха се евидентирани 162 лица, од кои 89 изразиле подготвеност за евакуација, додека во Кувајт се пријавени 36 лица, во Бахреин 15, а во Кралството Саудиска Арабија 5 лица. За нив е предвиден организиран транспорт до Ријад како централна точка за собирање, по што ќе следува директен лет кон Скопје.

„Динамиката е јасна – до средината на оваа недела да бидат евакуирани сите македонски државјани кои побарале извлекување“, нагласи министерот.

Муцунски воедно изрази жалење што дел од медиумите пласирале непроверени информации и дезинформации во чувствителен момент за граѓаните.

„Ширењето лажни вести создава непотребна паника, ја поткопува довербата во институциите кои деноноќно работат за безбедноста на граѓаните и може да го наруши меѓународниот углед на државата“, посочи тој.

На крајот, министерот повтори дека Македонија недвосмислено ги осудува нападите врз своите партнери и ги повика сите страни на почитување на меѓународното право.

„Ќе продолжиме да постапуваме одговорно, транспарентно и координирано – сè додека и последниот македонски државјанин што побара помош не биде безбедно вратен дома“, истакна Муцунски.

Извор: kurir.mk

VERO marketi

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Сведочење за случајот „Пулс“: Прскалките што го предизвикале пожарот биле купени од Бит Пазар? – на настап на ДНК во Гевгелија се запалиле звучници и платно

Следно

Путин му посака успех на новиот ирански врховен лидер

Latest from Blog

ИТАЛИЈА ГО СУСПЕНДИРАШЕ ШЕНГЕН СИСТЕМОТ НА СЛОБОДНО ДВИЖЕЊЕ СО ШПАНИЈА

Италијанската влада ја суспендираше примената на Шенгенскиот режим на слободно движење во односите со Шпанија, објави италијанското Министерство за внатрешни работи. Одлуката е донесена како одговор на масовниот влез на мигранти во

Нема укинување на вториот пензиски столб

Нема најава за укинување на вториот пензиски столб, уверува премиерот Христијан Мицкоски, откако во јавноста се појавија низа прашања по најавите дека започнале сеопфатни анализи на пензискиот систем и ризиците со вториот

Чешка има нов селектор

Репрезентацијата на Чешка, по слабиот настап на годинешниот Мундијал, реши да постави нов селектор. Чесите за прв пат во историјата ќе имаат странец на кормилото на фудбалската репрезентација. Се работи за шпанскиот

Најмалку 34 загинати во експлозија на метан во рудник во Пакистан (ВИДЕО)

Спасувачките операции се во тек за пронаоѓање и извлекување на уште двајца рудари кои беа заробени под земја, изјави Мухамед Фахад, директор за операции на покраинската управа за управување со катастрофи. Покраинскиот
Go toTop