Мицкоски: Наскоро во Скопје прв состанок со Ердоган

March 4, 2026
2 mins read

Во моите разговори со претседателот на Турција Реџеп Таип Ердоган дефиниравме оваа пролет да се одржи прв состанок на кој тој ќе дојде во Скопје, истакна премиерот Христијан Мицкоски на денешната седница на македонското Собрание, одговорајќи на пратеничко прашање од пратеникот Сали Мурати, а во врска со билатералните односи меѓу двете земји.

Премиерот Мицкоски потсети дека Договорот за соработка со Турција не беше потпишан долго време, а се потпиша со доаѓањето на оваа Влада.

– Во моите разговори со претседателот на Турција Реџеп Таип Ердоган дефиниравме оваа пролет да се одржи прв состанок на кој тој ќе дојде во Скопје. Претпоставувам таа посета ќе се случи, во моментов неможам да кажам точно кога и како, но знам дека Турција има исклучително одличен амбасадор во Скопје, димпломат од висок ков со кого имаме одлична соработка и тој придонесе за уште поблиските односи меѓу двете земји. Убеден сум дека до оваа прва средба ќе дојде многу наскоро и ќе ја имаме таа можност но и чест претседателот Реџеп Таип Ердоган да го пречекаме во Скопје, истакна премиерот Мицкоски.

Со потпишувањето на Договорот за проширување на билатералната соработка во овој период интезирани се партнерства на повеќе полиња, посочи премиерот Мицкоски.

-Потпишавме Договор за проширување на билатералната соработка со Турција, нешто што претставува наша стратешка цел и во рамки на тоа партнерство контактите се засилени и голем дел од компании што доаѓаат кај нас или потенцијални инвеститори од Турција во Македонија веќе се прифатени од институциите и ги почнуваат своите инвестиции или се во фаза на почеток да ги реализираат. Договорот не беше потпишан долго време, а се потпиша до доаѓањето на оваа Влада и во рамки на договорот се интезивираше соработката на полето на одбраната. Министерството за одбрана и Армијата со соодветните институции на Владата на Турција соработуваат непосредно вршиме набавка на одбранбени системи, истовремено обучуваме кадри и во таа смисла мислам дека со доаѓањето на оваа Влада во голема мерка се интезивираше билатералната соработка меѓу двете држави. За мене главен интерес е малку да се корегира нивото на трговската размена бидејќи Република Турција има голем суфиците во размената со Македонија, односно многу повеќе извезува во Македонија отколку што Македонија извесува во Турција. Убеден сум дека македонските производи може да бидат конкурентни на турскиот пазар, убеден сум дека како наш стратешки партнер Турција ќе овозможи слободен пристап на македонските компании на турскиот пазар и убеден сум дека дел од постојните бариери кои што сега постојат ќе бидат многу скоро неутрализирани, односно избришани и македонските производители посебно во делот на земјоделието, фармацијата и останатите гранки ќе може да најдат свое место на турскиот пазар и на тој начин овој дисбаланс во размената каде што Турција има голем суфицит ќе биде изнивелиран, нагласи премиерот Мицкоски.

На собраниската седница, претседателот на македонската Влада, Мицкоски, потсети дека солидна соработка меѓу двете земји има и во рамки на туризмот каде голем број на турски туристи доаѓаат во Македонија, а соработка се остварува и во рамки на високото образование бидејќи голем број студенти од Турција се присутни на универзитетите во нашата земја.

Извор: kurir.mk

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Општина Битола со субвенции за адаптација на домови на лица со попреченост

Следно

Подморница погоди ирански брод во близина на Шри Ланка- десетици мртви и повредени

Latest from Blog

Energetika24.mk: Енергетска стабилност во време на криза – Оправдана и навремена одлука за објавување на состојбата со нафтените резерви

Улогата на институционалната транспарентност во стабилизацијата на домашниот пазар на нафтени деривати во актуелниот геополитички контекст добива суштинско значење. Заострените тензии на Блискиот Исток и потенцијалните ризици по глобалните снабдувачки рути, особено

Со 26 милиони денари инвестиција: Нов спортски комплекс во Битола

Започнаа градежните активности за изградба на ново спортско игралиште во битолската населба „Стрелишта“ кое ќе има кошаркарско и ракометно игралиште според стандарди за одржување на официјални спортски натпревари. Градоначалникот на Битола, Тони

Подморница погоди ирански брод во близина на Шри Ланка- десетици мртви и повредени

Ројтерс објави дека воениот брод бил потонат во напад на подморница, но не прецизираше за која подморница станува збор. Туркиш А њуз објави дека Шри Ланка спасила 32 „критично повредени“ морнари од
Go toTop