МНР со ВАЖНО соопштение за МАКЕДОНСКИТЕ граѓани кои планираат да патуваат на Блискиот Исток

March 2, 2026
1 min read

Министерството за надворешни работи и надворешна трговија апелира до сите државјани на Република Македонија да се воздржат од непотребни патувања во поширокиот регион на Блискиот Исток, по таргетирањето на Иран на Израел и повеќе арапски држави, вклучително и Обединетите Арапски Емирати, Катар, Кувајт, Бахреин, Саудиска Арабија, Либан и Ирак, како и британската воена база на територијата на Република Кипар.

– Недвосмислено ги осудуваме сите напади врз нашите пријатели и партнери. Повредата на суверенитетот и таргетирањето цивилни цели се неприфатливи и се во директна спротивност со основните принципи на меѓународното право. Мирот, безбедноста и стабилноста на Блискиот Исток не се апстрактни категории, туку суштински предуслови за глобалната стабилност, соопшти денеска Министерството за надворешни работи и надворешна трговија.

Оттаму посочуваат дека со внимание и загриженост ги следат случувањата во поширокиот регион на Блискиот Исток, кои имаат директно влијание врз регионалната и меѓународната стабилност.

– Приоритет на Владата останува безбедноста и поддршката на македонските државјани кои по различни основи се наоѓаат во овој регион. Во текот на изминатиот период, надлежните дипломатско-конзуларни претставништва се во континуирана комуникација со нив, стои во информацијата.

Министерството, додаваат, во координација со дипломатско-конзуларните претставништва, разгледува повеќе можни сценарија за репатриација и евакуација, кои ќе бидат активирани кога тоа ќе го дозволат условите на терен и/или по повторно воспоставување на воздушниот сообраќај.

Извор: kurir.mk

VERO marketi

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Проданоски додели награди за најдобрите училишни спортисти во Прилеп

Следно

Скокна цената на нафтата на највисоко ниво во последните 4 години

Latest from Blog

Средба на Димитриеска-Кочоска со заменик-директорот на ММФ Бо Ли – Фокус на стабилни јавни финансии

19 април 2026, Вашингтон – Министерката за финансии Гордана Димитриеска-Кочоска во рамки на учеството на Пролетните средби на ММФ и СБ во Вашингтон оствари средба со  заменик-генералниот директор на ММФ Бо Ли. На средбата

Македонски Концепт стартува кампања „Твои пари, твоја слобода“

Во период кога сè почесто се отвора дилемата дали трудот во Македонија навистина се вреднува и дали системот работи во интерес на граѓаните, политичката партија Македонски Концепт започнува нова комуникациска кампања под

Северна Кореја повторно истрела балистички ракети

Јапонски извори, исто така, го потврдија инцидентот, додавајќи дека тоа е последното во серијата лансирања од страна на Пјонгјанг насочени кон зајакнување на неговите воени капацитети. – Се верува дека балистичките ракети

Американската војска потврди дека ги предале сите главни бази во Сирија

Американските сили продолжуваат да ги поддржуваат напорите на партнерите во борбата против тероризмот за да се обезбеди безбедноста во регионот, изјави портпаролот на CENTCOM. Сириската влада претходно објави целосно повлекување на американските
Go toTop