Скокна цената на нафтата на највисоко ниво во последните 4 години

March 2, 2026
1 min read

 Сепак во земјава според последната одлука на РКЕ за сега нема значителни поскапувања на нафтените деривати..Од таму појаснуваат дека при утврдувањето на малопродажните цени на нафтените деривати ги вклучуваат пресметките од изминатите 5 дена, па останува неизвесно дали и следната корекција на цените ќе биде блага како денешната или глобалните движења на пазарот при следната одлука ќе се одразат поизразено и кај нас.

– Од она што можевме да го забележиме на дел од домашните бензински пумпи е дека работата тече најнормално и нема никаква паника. И денешната одлука на РКЕ не покажува значителни зголемувања на цените на нафтените деривати во земјава. . Единствено променети од полноќ ќе бидат цените на бензинот и мазутот за околу 1 денар од литар, додека цената на дизелот останува иста.

И првиот човек на Агенцијата за стоковни резерви Бесим Кока уверува дека нивната пополнетост во моментот е во рамки на Законот, нешто што и претседателката Сиљановска-Давкова го нагласи на вчерашната седница на Советот за безбедност, истакнувајки дека законските резерфи на нафта во земјава се исполнети за 40 до 90 дена.

– Можеме да потврдиме дека пополнетоста на стоковнтие резерви  во моментов е на задоволително ниво. Сите предвидени ресурси се достапни во количини кои гарантираат стабилност при евентуално нарушување на пазарот. – Бесим Кока – директор на Агенција за стоковни резерви

На глобално ниво пак, со отворањето на берзите, податоците утрово покажаа дека цената на светскиот репер за нафта Брент пораснала за околу 10%, достигнувајќи приближно 80 долари за барел, од претходните 73 до 76 долари. Американската сурова нафта пак бележи раст од околу 5%, со цена од околу 72 долари за барел. Економските аналитичари ширум светот предупредуваат на можни дополнителни поскапувања и не ја исклучуваат можноста цената да надмине 100 долари за барел.

– Има нарушување на пазарите на нафта, што ги нарушува синџирите на снабдување, пазарите на храна и авиокомпаниите.. Постои потенцијал цените на нафтата да достигнат 100 долари за барел, што се смета за пресвртна точка.  Oва се големи шокови.- Џек Бафингтон – професор на универзитет Денвер

Војната го предизвика и најголемиот хаос во авиосообраќајот од Ковид-пандемијата, затворајки ги главните аеродроми на Блискиот исток.. Според податоците на повеќе платформи, само утрово во регионот биле откажани над 1.200 летови,  а во текот на викендот околу 6000, оставајки заглавени стотици илјадници патници.

Извор: vecer.mk

VERO marketi

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

МНР со ВАЖНО соопштение за МАКЕДОНСКИТЕ граѓани кои планираат да патуваат на Блискиот Исток

Следно

Битола инвестира во спортот на најранливите категории деца

Latest from Blog

Сенегал се жалеше на CAS, одлуката за Купот на Африка ќе се донесе на 8 август

ФОТО:facebook.com/fsfOfficielle Контроверзното финале од Купот на Африка, во кое што Сенегал загуби во дуелот со Мароко, ќе добие уште една епизода. Сенегалците и официјално имаат поднесено жалба на судот за спортска арбитража

„НЕ СМЕ ВИ КАСИЧКА – ПРАСИЧКА, ЌЕ ПЛАТИТЕ ВИСОКА ЦЕНА“

Доналд Трамп ѝ се закани на Европската Унија со „значајни“ царини откако Брисел воведе серија високи казни на американските технолошки гиганти. Во објава на неговата платформа Truth Social, американскиот претседател напиша: „Соединетите

Клоп: Ако ја преминете „линијата“ со моето семејство – веднаш ќе си одам!

ФОТО: Јurgen Klopp/X Јирген Клоп беше официјално претставен како нов селектор на германската фудбалска репрезентација, со која потпиша договор до 2030 година. На својата прва прес-конференција, тој веднаш постави јасни правила за
Go toTop