Засега нема услови за евакуација на македонските државјани од ОАЕ и Катар, се разгледуваат алтернативи за државјаните во Израел

March 2, 2026
1 min read

Повеќе од 400 македонски државјани се обратиле до дипломатско-конзуларните претставништва со барање за информации околу можноста за евакуација, додека околу 30 од нив изразиле подготвеност да заминат при првата можна прилика, соопшти Министерството за надворешни работи и надворешна трговија, по ескалациите на Блискиот Исток.

Од Министерството информираат дека со сите пријавени лица се одржува редовна и континуирана комуникација, а во тек се подготвителни активности за евентуална асистенција и нивна безбедна евакуација, зависно од развојот на состојбата на терен.

Дипломатско-конзуларните претставништва, како што се наведува, ги преземаат сите неопходни мерки за подготовка и безбедна реализација на евакуацијата на граѓаните кои изразиле подготвеност за тоа. Министерството е во постојана комуникација со пријателски земји и меѓународни партнери со цел координирано спроведување на постапката.

Во однос на Обединетите Арапски Емирати и Државата Катар, во моментов не постојат безбедни услови за евакуација. За македонските државјани кои се наоѓаат во Израел, веќе активно се разгледуваат и координираат потенцијални алтернативи за нивно безбедно извлекување.

Министерството останува целосно на располагање на граѓаните преку дежурниот телефон и дипломатско-конзуларните претставништва, и ги повикува сите македонски државјани во регионот доследно да ги почитуваат упатствата на локалните безбедносни органи.

За дополнителни информации и помош, на располагање се:

СОС дежурен телефон (МНРНТ):

075/273-732

Амбасада на Република Северна Македонија во Доха

Тел: +974 50 173 111

Амбасада на Република Северна Македонија во Абу Даби

Тел: +971 56 441 7532

Амбасада на Република Северна Македонија во Тел Авив

Тел: +972 54 500 8566

Тел: +972 54 967 0546

Извор: zurnal.mk

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Обука за претставници на Министерството за внатрешни работи за проценка на ризикот од корупција

Следно

Мицкоски: Минималната плата се зголемува, повисоки примања од април

Latest from Blog

Општина Битола објави повик за членови на Советот за женско претприемништво

Врз основа на Одлуката за формирање на Совет за поддршка на женско претприемништво на Општина Битола, Советот на Општина Битола објавува јавен повик за членови на Советот за женско претприемништво на Општина

Божиновска: Ваучери за инвертер клими за ранливи домаќинства

Министерството за енергетика, рударство и минерални суровини објави јавен оглас за практична реализација на Програмата за заштита на ранливи потрошувачи на енергија. Целта е обезбедување инвертер клима уреди за домаќинствата на кои
Go toTop