Обука за претставници на Министерството за внатрешни работи за проценка на ризикот од корупција

March 2, 2026
1 min read

Регионалната иницијатива против корупција (РАИ) денеска во Скопје организира обука за претставници на полицијата / Министерството за внатрешни работи во областа Проценка на ризикот од корупција и Законодавство за проверка на корупцијата.

Како што е најавено, во воведната сесија ќе се обратат Адем Чучул, претседател на Државната комисија за спречување на корупција, Алберт Хани, директор на Регионалната антикорупциска иницијатива, Никола Прокопенко, раководител на сектор во Министерството за правда и претставник на државата во Управната група на РАИ, и аташе Клаус Грубер, службеник за врска на Сојузното министерство за внатрешни работи при Австриска амбасада во Скопјe.

Обуката ќе се одржи во х. „Александар палас“ од 9 часот. Изјави за медиумите по воведната сесија ќе имаат претседателот на Антикорупциската комисија, Чучул, и директорот на РАИ, Хани.

Извор: kurir.mk

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Бела куќа: Трамп и Нетанјаху разговараа по телефон

Следно

Засега нема услови за евакуација на македонските државјани од ОАЕ и Катар, се разгледуваат алтернативи за државјаните во Израел

Latest from Blog

Пјонгјанг повторно лансираше балистичка ракета кон Јапонското Море

Како што пренесе новинската агенција Кјодо, проектилот паднал надвор од ексклузивната економска зона на Јапонија, а не се пријавени штети на објекти ниту повредени лица. Ова последно лансирање на проектил уследи откако

Меџити: Чаир ќе ги одбележи ноемвриските празници со концерт на Рона Нишлиу

Албанската пејачка Рона Нишлиу ќе одржи концерт во Општина Чаир по повод ноемвриските празници, најави градоначалникот Изет Меџити. Меџити се сретна со Нишлиу за време на нејзиниот престој во Скопје, во рамки
Go toTop