МНР формира кризен штаб за следење на состојбата на Блискиот Исток и помош на македонските државјани

February 28, 2026
1 min read

Министерството за надворешни работи и надворешна трговија попладнево информира дека во рамките на институцијата е формиран кризен штаб кој, како што се наведува, континуирано ја следи состојбата со случувањата на Блискиот Исток по нападите што САД и Израел ги извршија врз Иран, а Техеран возврати со одмазнички удари кон американски цели во земји од регионот.

Кризниот штаб, велат од Министерството, е достапен 24 часа дневно за сите потреби поврзани со помош, поддршка и асистенција на македонските државјани.

Оттаму го повторуваат апелот до сите македонски државјани кои се наоѓаатр во погодените подрачја внимателно да ги следат официјалните известувања на надлежните институции и строго да постапуваат согласно безбедносните протоколи. „Воедно, се препорачува одложување на сите ненеопходни патувања кон земјите од овој регион, сè до подоборување на безбедносната сосојба“, велат од Министерството за надворешни работи и надворешна трговија.

Оттаму додаваат дека Министерството, со сите свои капацитети и преку дипломатско-конзуларните претставништва, останува целосно на располагање на македонските државјани и ќе предолжи навремено да ја информира јавноста за сите релеватни информации и понатамошни насоки.

„Ги потсетуваме нашите државјани дека во случај на потреба од помош или дополнителни информации можат да се обратат на следните контакти: Министерство за надворешни работи и надворешна трговија, Тел: +389 75 273 732 / +389 75 268 736 и Е-пошта: [email protected]“, се наведува во соопштението.

Извор: zurnal.mk

VERO marketi

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Лукаку со последните секунди за победа на Наполи, Елмас одигра цел натпревар

Следно

СДСМ дилема – немање интерес или имање страв?!

Latest from Blog

Придобивки од Законот за високото образование

Предлог-законите за високо образование пред финале. Премиерот Мицкоски вели дека текстот не се креирал зад затворени врати туку преку дебати со универзитетите и тоа е решение што треба да даде резултати. Според

Анри: Реал Мадрид мислеше дека е недопирлив, сега навивачите ќе плачат!

Тиери Анри ја анализираше елиминацијата на Реал Мадрид од Лигата на шампионите и нагласи дека Баерн на крајот заслужи да стигне до полуфиналето. Легендарниот француски напаѓач ја пофали храброста на „кралскиот клуб“,

Николоски: Од јуни се воведува градски воз меѓу Прилеп и Битола

Од јуни се очекува да биде воспоставена нова меѓуградска железничка линија Прилеп – Битола – индустриската зона „Жабени“, со цел олеснување на движењето на граѓаните додека траат градежните работи на автопатот Прилеп

Продолжи судењето за „Пулс“: Одбраната бара директно сослушување на сите сведоци

На денешното рочиште за случајот со пожарот во „Пулс“, судскиот процес се соочи со предизвици околу обезбедувањето на дел од сведоците предложени од страна на одбраната. Иако беа повикани четири лица, тие

Николоски: Во тек се крупни градежни зафати на автопатот Прилеп – Битола

Изградбата на автопатот Прилеп – Битола се одвива со засилено темпо, при што досега се пробиени 22 километри од вкупно планираните 40 километри, односно реализирани се околу 55 проценти од трасата. Вицепремиерот
Go toTop