Иран нападна четири американски воени бази на Блискиот Исток

February 28, 2026
1 min read

Целите вклучувале воздухопловната база Ал Удеид во Катар, воздухопловната база Ал Салем во Кувајт, воздухопловната база Ал Дафра во Обединетите Арапски Емирати, како и американската поморска флота во Бахреин, според иранската новинска агенција Фарс.

Министерството за одбрана на Катар соопшти дека ракетите биле насочени кон земјата и биле соборени од катарската воздушна одбрана. Сведоци изјавија дека слушнале експлозии во главниот град на Катар, Доха. Претходно во текот на денот, Министерството за внатрешни работи на Катар соопшти дека земјата е „безбедна“, но внимателно ја следи ситуацијата по нападите на САД и Израел врз Иран.

„Ситуацијата во Катар е стабилна и безбедна и во моментов нема индикации што предизвикуваат загриженост за внатрешната безбедност“, соопшти Министерството.

Извор рече дека дел од персоналот на американската воздухопловна база во Катар бил евакуиран по нападите на Израел и САД врз Иран.

Во Кувајт беа вклучени сирени за воздушен напад, каде што се слушнале силни експлозии. Во Кувајт се наоѓа седиштето на Централната команда на САД (ЦЕНТКОМ).

Во исто време, државната новинска агенција на Кувајт објави дека кувајтската армија пресретнала ракети во нејзиниот воздушен простор.

Претходно денеска, иранската државна телевизија официјално објави дека како одговор на заедничките напади на САД и Израел, силите на Техеран извршија ракетен напад врз седиштето на Петтата флота на САД во главниот град на Бахреин – Манама.

Силни експлозии одекнаа и во Абу Даби, во Обединетите Арапски Емирати. Државната агенција на ОАЕ објави дека земјата делумно и привремено го затворила својот воздушен простор.

„Овој напад е грубо кршење на националниот суверенитет и меѓународното право, а ОАЕ го задржува правото да одговори на ескалацијата“, се вели во соопштението на ОАЕ.

Амбасадата на САД во ОАЕ, како и дипломатските мисии на САД во Катар и Бахреин, воведе режим на изолација за сите свои вработени и ги повика сите граѓани на САД на територијата на арапската земја да се самоизолираат до понатамошно известување.

Според медиуми, силни експлозии одекнле и во главниот град на Саудиска Арабија, Ријад. 

Сирија затвори дел од својот воздушен простор на југот од земјата, во близина на израелската граница.

САД и Израел почнаа да напаѓаат локалитети низ Иран денеска, вклучително и во главниот град Техеран, бидејќи тензиите меѓу земјите прераснаа во отворен конфликт. Иранските сили, исто така, лансираа бран ракети кон Израел. 

Извор: vecer.mk

VERO marketi

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Алиу: Министерството нема да дозволи ниту еден од пациентите со ретки болести да чека ниту ден за овие лекарства

Следно

Божиновска: Објавен јавен повик за енергетска поддршка на граѓаните

Latest from Blog

ЛШ и ЛК: ЕТО Ѓер веќе ги чека Вардар или Рига, Ц. Звезда убедлива во С.Ирска, Динамо Загреб со реми кај Тун!

ФОТО:.facebook.com/etofcgyor/ Вечерва се одиграа неколку натпревари, први од 2.квалификациско коло во Лигата на Шампионите и Лигата на Конференции. Познато е дека во случај Вардар да ја мине Рига, тогаш во третата квалификациска

Се обиделе да спасат човек да не се удави, па се удавиле петмина- трагедија во Охајо (ВИДЕО)

Според канцеларијата на шерифот на округот Делавер, трагедијата се случила во неделата навечер на реката Скиото, во близина на резервоарот О’Шогнеси, околу 16 километри северозападно од Колумбус, главниот и најголем град во

Орце Ѓорѓиевски со екипите на градските јавни претпријатија на град СКОПЈЕ се на терен, ќе работат цела ноќ по невремето (VIDEO)

По силното невреме што денеска го зафати Скопје со бурни налети на ветер, екипите на градските јавни претпријатија веднаш излегоа на терен за отстранување на последиците, информира градоначалникот на Град Скопје, Орце

Во израелски напад на семејна куќа во Газа загинаа родителите и нивните четири деца

Според лекарите, Фирас Ал-Масри, неговата сопруга Салсабил и нивните три ќерки и син се убиени во нападот врз куќата во населбата Сабра. Израелската војска потврди дека го извршила нападот, наведувајќи дека целта
Go toTop