Алиу: Министерството нема да дозволи ниту еден од пациентите со ретки болести да чека ниту ден за овие лекарства

February 28, 2026
1 min read

Министерот за здравство, Азир Алиу, одговарајќи на новинарско прашање во однос на ретките болести истакна дека сменета е процедурата како да се стигне до тие лекови за пациентите со ретка болест.

– За првпат во нашата држава отвораме тригодишна постапка заради една цел. Како што знаете секоја година оваа категорија граѓани кои имаат ретка болест со задоцнување ги добиваа лекарствата или за жал чекаа по недела или месец дена. Зошто? Затоа што ретките болести се почести и кај нас и во светот, заради технологијата, методологијата на детектирање во рана фаза, кажа Алиу.

Тој појасни дека вториот момент, земајќи го во предвид моментот дека пациентите се млади, а лекарствата се поврзуваат со тежината на пациентот, како и активностите и многу тешко е во таква група пациенти да се направи анализа која ќе биде точна за бројот на пациенти кои ќе ги бидат опслужени во текот на целата година.

– За таа цел, методологијата се смени и сега веќе отвораме постапка за три години, која во случај ако се трошат повеќе од количините кои ќе ги имаме како држава, ние да имаме време да отвориме друга постапка, а се со цел да граѓаните да ги добиваат тие лекарства на време. Ако се гледа на ниво на годината, тендерската постапка ќе биде за три години, односно ќе се користат толку количини за колку имаме потреба во државата. Да бидат спокојни и граѓаните и родителите дека државата и Министерството нема да дозволат ниеден од нашите пациенти со ретки болести да чекаат ниту еден ден за овие лекарства, потенцираше Алиу, одговарајќи на новинарско прашање на вчерашната прес конференција.

Извор: kurir.mk

VERO marketi

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

МЕПСО аплицираше за PECI статус за проектот „400 kV интерконекциски коридор Исток – Запад, Западна секција“

Следно

Иран нападна четири американски воени бази на Блискиот Исток

Latest from Blog

Димитриеска-Кочоска во Вашингтон: Фокус на продлабочување на финансиската соработка со САД

Министерката за финансии Гордана Димитриеска-Кочоска денеска во Стејт департментот оствари работна средба со заменик помошник-државниот секретар задолжен за Европа, Даниел Џ. Лоутон. На средбата биле разгледани понатамошните активности во рамки на Стратешкиот

Се сретнаа Си Џинпинг и Лавров: Мора да ги штитиме заедничките интереси

Русија е подготвена да го зголеми количеството енергија што го извезува во Кина пред очекуваната посета на претседателот Владимир Путин, изјави денес рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров на прес-конференција во
Go toTop