Москва соопшти дека се подготвува нова трилатерална средба за Украина

February 27, 2026
1 min read

– Штом ќе се договорат датумот и локацијата, ќе бидат дадени дополнителни детали. Досега нема значајни промени во позициите на режимот во Киев, изјави портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков.

Претходно, Украина најави разговори за почетокот на март во Абу Даби, главниот град на Обединетите Арапски Емирати. Главниот преговарач на Киев, Рустем Умеров вчера разговараше во Женева со американскиот претставник Стив Виткоф.

Претставникот на Кремљ, Кирил Дмитриев во Женева се сретна и со Виткоф и Џаред Кушнер, зет на американскиот претседател Доналд Трамп.

Според Песков, разговорите повторно се фокусирале на можните идни економски односи меѓу Русија и САД. Дмитриев, исто така, го информирал рускиот претседател Владимир Путин за состаноците. Песков рече дека јавноста ќе биде информирана доколку има некакви резултати. 

Извор: vecer.mk

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Филков: Следната недела ќе се одржи продолжението на конститутивната седница на работната група за реформи во изборното законодавство

Следно

ТВ 24 дојде до иницијативата со која одбраната бара ОЈО да го ревидира обвинението за „Пулс“

Latest from Blog

Николоски: Гевгелија добива нов лик, продолжува владината поддршка за општината

Старата чаршија во Гевгелија е обновена и повторно ставена во употреба, а поддршката од Владата за реализација на инфраструктурни и други проекти во општината продолжува, истакна вицепремиерот и министер за транспорт и

Проданоски со отчет за сработеното: Во Прилеп се реализираат 18 проекти вредни околу 12 милиони евра

Општина Прилеп во партнерство со Владата и ресорните министерства реализира 18 проекти поддржани со околу 12 милиони евра, информираа од ВМРО-ДПМНЕ пренесувајќи ја изјавата од прес-конференцијата на градоначалникот Дејан Проданоски. Според изнесените

Претставниците на Трамп, Виткоф и Кушнер слетаа во Москва- имаат ли САД нов план за Украина?

„Авионот слета на аеродромот Внуково“, изјави изворот на агенцијата, пренесе Анадолија. Порано во петокот, Аксиос, повикувајќи се на свои извори, објави дека Виткоф и Кушнер треба да патуваат во Москва и Киев
Go toTop