Проданоски: Прилеп со план за одржлива урбана мобилност

February 27, 2026
1 min read

Во Општина Прилеп денеска се одржа јавна презентација и стручна консултација во врска со проектната активност која што се работи заедно со Министерството за транспорт и врски за изработка на План за одржлива урбана мобилност (SUMP), кој ќе се реализира со финансиска поддршка од Светска банка. Целта на проектот е да се подобри пристапноста, безбедноста и ефикасноста на сообраќајот во градот, како и да се намалат негативните влијанија врз животната средина.

Управувачкиот комитет истакна дека изработката на Планот претставува важен чекор кон создавање модерен, функционален и одржлив сообраќаен систем во Прилеп. „Со овој план ќе се унапреди патната инфраструктура, ќе се поттикне користењето на одржливи начини на транспорт и ќе се создадат услови за побезбеден и поефикасен сообраќај за сите граѓани“, посочи Проданоски.

На средбата беа присутни претставници од Министерството за транспорт, како и тимот на општината кој работи на проектот, претставници од Министерството за внатрешни работи, од Јавното претпријатие ПУП Прилеп, претставници на институции и граѓани. Се дискутираше за тековните активности и идните чекори за финализирање на Планот за одржлива урбана мобилност, како и можностите за подобрување на интегрираниот систем на сообраќајот во општината.

Планот ќе се фокусира на потребите за мобилност на граѓаните, институциите и компаниите во урбаното подрачје на Прилеп, при што ќе се применува транспарентен и партиципативен пристап. Во процесот и понатаму ќе бидат активно вклучени јавните институции, организациите и другите засегнати страни, со цел да се обезбеди поширока поддршка и успешно спроведување на предвидените мерки.

Од Општината информираат дека ќе следат повторно вакви јавни консултативни средби на кои што претставници од институциите и организациите ќе можат да дадат свои предлози и мислења во процесот на креирање на Планот за одржлива урбана мобилност.

 

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Коњановски: Битола добива нов паркинг простор во старата касарна

Следно

Лигата на Конференции ги одбра осминафиналистите

Latest from Blog

Николоски: Околу шест милиони евра инвестираме во инфраструктурниот развој на Кичево

Заменик претседателот на Владата и министер за транспорт, Александар Николоски, денеска оставри работна посета на општина Кичево, каде со градоначалникот Александар Јовановски изврши увид во реконструкција на улица Рудничка. Ова е проект

ИЗИР: Македонија не смее да го пропушти моментумот за одржливо искористување на минералните ресурси

Македонија не смее да го пропушти моментумот што се создава во Европа во однос на обезбедувањето критични минерални суровини и да дозволи потенцијалот на домашните наоѓалишта, меѓу кои и Иловица–Штука, да остане

Општина Битола: Градот го слави ослободувањето низ „Сите бои на сеќавањето“

Под слоганот „Сите бои на сеќавањето“, Битола го одбележува 4 Ноември, Денот на ослободувањето на градот, со програма што ги поврзува историската меморија, културата, спортот и хуманоста. Настаните се одржуваат од 30

Тоневски од Пробиштип: Довербата и транспарентноста се клучни за рамнотежа меѓу рударството и екологијата

Придобивките од рударството за општините мора да се разгледуваат заедно со грижите на населението и потребата од континуирана заштита на животната средина, порача градоначалникот на Општина Пробиштип, Тони Тоневски, кој учествуваше на

Коњановски: Документарните приказни од секојдневието се посебната вредност на „Камера 300“

Градоначалникот на Битола, Тони Коњановски, го отвори 34-тото издание на Интернационалниот фестивал на аматерскиот документарен филм „Камера 300“, истакнувајќи го неговото значење за културниот живот на градот и за зачувувањето на наследството
Go toTop