Известувачот Вајц ќе го презентира годишниот нацрт-извештај за напредокот на земјава пред Комитетот за надворешни работи на ЕП

February 26, 2026
4 mins read

Известувачот на Европскиот парламент за Македонија, европратеникот Томас Вајц, денеска пред Комитетот за надворешни работи на ЕП (АФЕТ) ќе го презентира годишниот нацрт-извештај за напредокот на државата.

Во годишниот нацрт-извештај Вајц, меѓу другото, наведува дека од суштинско значење за евроинтеграцијата на државата, особено во контекст на новата геополитичка реалност, е сите политички актери, особено Владата, да даваат опипливи резултати во клучните области, а во исто време ЕУ и нејзините држави членки мора ги исполнат своите обврски, целосно да ја поддржат земјата, вклучително и преку активен дипломатски ангажман, за да ѝ помогнат да напредува во исполнувањето на сопствените обврски.

Ова ќе биде втор извештај за земјата од 2022 година по тој минатата година, кој беше усвоен од ЕП. Вајц во појаснувачката изјава во нацрт-извештајот нагласува дека оваа година има чест да го презентира својот втор извештај за Македонија и додава дека документот има цел да обезбеди балансирана и објективна оценка на напредокот на земјата во процесот на пристапување и во согласност со  воспоставената пракса се подготвува како одговор на пакетот за проширување на ЕК за 2025 година.

-Македонија моментно се наоѓа во тешка позиција бидејќи процесот на пристапување е сопрен. И покрај некои позитивни реформи, напредокот на реформската агенда на ЕУ, особено во клучни области, како владеењето на правото, реформите во правосудството и борбата против корупцијата, е недоволен. Ова се должи на изборната кампања, ограничените капацитети во јавната администрација и недостигот на долгорочна политичка посветеност – вели Вајц.

Тој посочува дека не е постигнат напредок во однос на уставните измени поради загриженост за потенцијални дополнителни билатерални блокади или барања од Бугарија. Смета дека е потребно и итно зголемување на политичката волја од двете страни за да се надмине овој ќор-сокак.

Вајц нагласува дека во време на големи промени во меѓународниот поредок, особено поради војната на Русија против Украина, ненадејната неизвесност во  врска со иднината на трансатлантската алијанса и пошироките закани за меѓународниот поредок базиран на правила, од суштинско значење е Европа да остане обединета.

– Во овој геополитички контекст може да се појават можности за оживување и забрзување на процесот на пристапување. Сепак, тој процес ќе остане заснован на заслуги и цврсто врзан за напредокот во фундаменталните области, особено владеењето на правото. Затоа од суштинско значење е сите политички актери во Македонија, особено Владата и пратениците од владејачкото мнозинство, да ја препознаат оваа нова итност и да почнат да даваат опипливи, убедливи и искрени резултати во овие клучни области, без понатамошно одлагање – нагласи Вајц.

Тој истакнува дека напредокот на реформите во областа на владеењето на правото не е важен само за приближување кон членство во ЕУ, туку е клучен и за изградба на просперитетна и отпорна држава, која им служи на сите граѓани.

– Функционално владеење на правото и предвидлива, доверлива инвестициска клима – се предуслови за одржлив економски развој. Исто така, тоа ќе овозможи земјата и нејзините граѓани целосно да имаат корист од постепените интеграциски процеси и проекти што ги нуди Европската Унија – вели Вајц.

Во исто време, ЕУ и нејзините држави членки, додаде Вајц, исто така мораат да ги исполнат своите обврски.

– Мораме целосно да ја поддржиме земјата, вклучително и преку активен дипломатски ангажман, за да ѝ помогнеме на Македонија да напредува во исполнувањето на сопствените обврски и да ги надмине постојните пречки. Што се однесува до оваа институција, како и во претходниот извештајен период, останувам посветен на поттикнување постабилно, поконструктивно, поевропско, подемократско и попроширувачко мнозинство во поддршка на пристапувањето на Македонија во ЕУ. Очекувам да ја обезбедам поддршката на сите пратеници што ја споделуваат оваа стратешка цел – смета Вајц.

Нацрт-извештајот ќе ги помине сите филтри во ЕП пред да дојд на пленарна седница, а во тој процес може да претрпи амандмански измени, поради што неговата конечна верзија ќе биде позната по минувањето на сите фази во ЕП.

Во нацрт-извештајот се изразува целосна поддршка за посветеноста на земјата кон членство во ЕУ и за посвтеноста на македонските граѓани за интеграција во ЕУ, но се препорачува дека е потребно обновување на политичката посветеност, вклучително уставните измени, конструктивна меѓупартиска соработка и ефективен парламентарен надзор за напредок на реформите.

Во однос на медиумите и граѓанското општество, се наведува дека е потребно подобрувања во насока на поголема слобода и независност на медиумите, борба против дезинформациите и вклучување на граѓанското општество во реформите.

Генералната рамка во однос на основните права е во голема мера на задоволитено ниво, а се посочува дека се потребни подобрувања во областа на родовата еднаквост, правата на немнозинските заедници, лицата со попреченост и ЛГТБ-заедницата.

Во областа на владеењето на правото, во нацрт-извештајот се наведува дека политичката поларизација, ограничената меѓупартиска соработка и намалената јавна доверба во институциите продолжуваат да влијаат на спроведувањето на реформите, особено во клучните реформи, кои се однесуваат на правосудниот систем и на борбата против корупцијата.

Во нацрт-извештајот, во делот за социјално-економски реформи, се поздравуваат првите чекори во спроведувањето на реформската агенда, но се се наведува дека се потребни дополнителни напори, на пример, за активирање на пазарот на труд.

Во однос на животната средина, биодиверзитетот, енергијата и транспортот, се поздравува напредокот поврзан со Законот за енергетиката и коридорите 8 и 10, а се посочува дека се потребни повеќе инвестиции во транспортот, енергетската инфраструктура и во законодавство за животната средина.

Во делот за регионалната соработка и надворешната политика се поздравуваат конструктивното учество на земјата во регионот и усогласеноста со надворешната политика на ЕУ и се повикува на доследна посветеност на дијалог и соработка со соседните земји.

По презентирањето на нацрт-извешајот на 26 февруари, документот во периодот март – април ќе биде разгледан од сите политички групи по што следува гласањето за него во АФЕТ во мај, како и гласање на пленарна седница на ЕП пред летната пауза.

ЕП лани во јули со 461 глас „за“, 121 „против“ и 107 „воздржани“ го усвои првиот извештајот на австрискиот европратеник Вајц за Македонија за 2023 и 2024 година, но во него не беше содржана формулацијата македонски идентитет и јазик.

Во писмена изјава, по гласањето, Вајц посочи дека земјата е предводник во регионот покажувајќи вистинска посветеност на вредностите на ЕУ, вклучително и историска промена на името и смели реформи.

– Но нејзиното пристапување е неправедно блокирано предолго поради билатерални спорови поттикнувајќи ја јавната фрустрација, но и разочарување од ЕУ – посочи Вајц во изјавата.

Извор: kurir.mk

VERO marketi

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Сибиха: Над 1.700 Африканци војуваат во Украина, на страната на Русија

Следно

ВЛЕН: Кој од ДУИ му се заканува на Артан Груби?

Latest from Blog

СЕДМИОТ ГОСПОДАР НА ДАУНИНГ СТРИТ: Кој е Енди Барнам, човекот што ја презеде британската премиерска фотелја?

Како нов лидер на владејачката Лабуристичка партија, Енди Барнам стана 59-ти премиер на Обединетото Кралство на 20 јули. Барнам, кој има 56 години, доби широка поддршка во Лабуристичката партија за преземање на

Претседателот на КОНМЕБОЛ тврди: СП во 2030 ќе биде со 64 репрезентации!

фото: FIFA World Cup Stats (X) Претседателот на Јужноамериканската фудбалска конфедерација (КОНМЕБОЛ), Алехандро Домингез, изјави дека Светското првенство во 2030 година сигурно ќе се одржи со учество на 64 репрезентации. „Следниот турнир

ПРЕСВРТ И ПРОТЕСТИ ВО УКРАИНА, Зеленски доби ултиматум: „Мора да си оди, крајниот рок е петок!“

Украинскиот претседател Володимир Зеленски се соочи со продлабочување на кризата околу неговото воено лидерство во понеделникот откако популарниот поранешен министер за одбрана, Михајло Федоров, кого го разреши минатата недела, ја отфрли неговата

Гостиварци пиеле фекалии од чешма од 26 јуни до 16 јули – водата содржела 48 пати повеќе колиформни бактерии од дозволеното

Гостиварци пиеле вода од чешма загадена со фекалии 48 пати над дозволените граници, покажале резултатите од земените мостри од Институтот за јавно здравје, кои што вечерва ги сподели Основното јавно обвинителство. Пумпите

Паредес одиграл три натпревари со скршено ребро

фото: GOAL @goal (X) Аргентинскиот играч од средниот ред, Леандро Паредес, ги одиграл последните три натпревари на Светското првенство со скршено ребро. Како што објави новинарот Мартин Аревало, играчот играл со оваа
Go toTop