Божиновска оствари серија значајни средби со меѓународни партнери за унапредување на енергетиката и рударството

February 12, 2026
1 min read

Министерката за енергетика, рударство и минерални суровини, Сања Божиновска, денеска оствари низа работни средби со меѓународни партнери со цел продлабочување на соработката и размена на искуства во енергетскиот и рударскиот сектор.

На средба со амбасадорот на Кралството Шведска во Република Македонија, Ола Солстром, беше разговарано за интензивирање на билатералната соработка во секторот рударство, вклучително размена на добри практики од шведски експерти и соработка со македонските универзитети за унапредување на техничките и научните капацитети. Дополнително, на средбата беа разгледани теми поврзани со развој на обновливи извори на енергија и проекти за подобрување на квалитетот на амбиенталниот воздух како дел од заложбите за одржлив економски развој и зелена транзиција.

Министерката Божиновска оствари средба и со амбасадорката на Кралството Холандија, Узлем Џанел, со која разговараа за унапредување на соработката во енергетскиот сектор, вклучително поддршка за обновливи извори на енергија, зајакнување на енергетската ефикасност. Соговорниците ja нагласија важностa од континуирана експертска соработка и размена на иновативни решенија помеѓу двете земји.

Божиновска оствари средба и со преставници на Strategic and Social Research Foundation – Marmara Group. Фокус на разговорот беше организацијата на 29-тиот Евроазиски Економски Самит и официјалната покана до министерката Божиновска за учество на Самитот. На средбата се разговараше и за инвестициони можности во соларната енергија, како и тековните активности и планови на Министерството за енергетика.

Министерката Божиновска ја истакна важноста на овие средби за промоција на Македонија како модерна, инвестиционо атрактивна и еколошки одговорна земја, која континуирано го унапредува енергетскиот и рударскиот сектор и ја зајакнува регионалната соработка.

Извор: kurir.mk

VERO marketi

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Божиновска оствари низа средби со претставници од Шведска, Холандија и Marmara Group со фокус на зелена транзиција и инвестиции

Следно

Рјабков не исклучи нова воена операција на САД против Иран

Latest from Blog

Зеленски во голем проблем: ПАДНА КОНСТАНТИНОВКА, НАСКОРО И ЛИМАН, А ЗАЛУЖНИ МУ СЕ ЗАКАНУВА

Додека властите во Украина објвуваат слики како жителите на Крим чекаат во ред за бензин и најавуваат скоро влегување на украинската војска на кримскиот полуостров, ситуацијата на теренот не оди во нивни

Аларм за недостиг на персонал во старскиот дом

Алармантна состојбата со недостиг на персонал во кумановскиот дом за стари лица. Наместо 80 вработени, установата која овозможува услуги на над 170 граѓани, во моментов функционира со само 36 вработени. Неопходно е

Му го продолжија договорот пред Мундијалот, сега го избркаа

Владимир Петковиќ повеќе не е селектор на фудбалската репрезентација на Алжир, јавуваат африканските медиуми. 62-годишниот стратег беше отпуштен по поразот од Швајцарија (2:0). Петковиќ ја презеде селекцијата на Алжир на почетокот на

Интерконекторот со Грција се очекува да биде завршен во првата половина од 2027

Премиерот Христијан Мицкоски изјави дека гасоводниот интерконектор меѓу Северна Македонија и Грција е во завршна фаза и очекува да биде целосно синхронизиран во првата половина од следната година. – Да бидам чекор
Go toTop