Петрушевски: Дали по насока на Заев и Филипче е донесен Правилникот за медицински канабис кој дозволува одгледување на марихуана на нива спротивен на Закон?

February 12, 2026
1 min read

Владата на СДС во 2023 година донела измени на Правилникот за одгледување на канабис за медицински цели кој е во спротивност со законот кој го регулира ова прашање, рече на денешната прес-конференција пратеникот, Бране Петрушевски.

Во член 2 на овој Правилник, СДС си додале дека канабис може да се одгледува на отворен простор (површина или земјиште), додека во постоечкиот закон и стариот правилник јасно е утврдено дека канабис за медицински цели може да се одгледува само на затворен простор. Со овој подзаконски акт владата на СДС дозволи марихуана за наводни медицински цели да се произведува на нива. Вака произведениот цвет од канабис не ги задоволува ГМП нормите, што значи дека во понатамошниот процес на производство и екстракција, маслото од канабис не може да биде ниту лиценцирано, ниту да се најде во промет за медицински цели за тешко болните пациенти. Овие измени на Правилникот не се случајни, туку истите се направени со умисла, затоа што владата на СДС, на чело со Зоран Заев и Венко Филипче се познати по бизнисот со марихуана. Сите паметиме кога во 2020 година Заев и Филипче сакаа да донесат закон за целосна легализација на марихуаната, со што Македонија сакаа да ја направат светска туристичка дестинација за уживателите на марихуаната. Откако ова не им успеа, се дадоа на масовно издавањето лиценци за медицински канабис на лица блиски до кланот Заеви и до Филипче, со што драстично се зголеми бројот на лиценцирани компании во струмичкиот крај. Сомнежите и индициите за криминалот со дрогата водат кон Заев и Филипче, како што е заплената на 30 тони марихуана од фирма во струмичко Ново Село, во сопственост на човек близок на Заев и Филипче, поранешен функционер на СДС. Наместо да молчат, ги повикуваме да одговорат, дали свесно, со умисла и по нивна насока се направени измените на Правилникот кој е во спротивност со законот за медицинска марихуана, со крајна цел продавање на канабисот на црниот пазар?Дали поради ова е паниката кај Заев и Филипче, која резултира со нејасни реакции и итни упатувања кон Грција за одржување меѓусебна средба и координација? Во следниот период ќе бидат испитани сите фирми со лиценца за медицински канабис. Кој работи согласно закон ќе продолжи нормално да функционира, а кој работи нелегално, ќе одговара, истакна Петрушевски.

Ред и одговорност мора да има! ЈО да почне со работа и овие сомнежи и индиции да ги истражи до крај, додаде Петрушевски.

Извор: kurir.mk

VERO marketi

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Давидовиќ: Обвинението за „Пулс“ е правно неодржливо за речиси 30 обвинети

Следно

Нетанјаху: Израел се приклучува на Одборот за мир на Трамп

Latest from Blog

ФЕРО ИНВЕСТ и WHES на Intersolar Europe 2026: Успешниот батериски проект бара врвна технологија и искусен инженерски партнер

Инженерскиот тим на ФЕРО ИНВЕСТ, ексклузивен партнер на WHES Energy Storage Systems за Македонија, присуствуваше на Intersolar Europe 2026 во Минхен – најголемиот европски саем за соларна енергија, батериски системи и паметни

Меси со прекрасен потег, Возиња во „транс“: Ќе го паметам ова додека сум жив (ВИДЕО)

ФОТО:facebook.com/AFASeleccionEN/ Голманот на З.Острови, Возиња, се здоби со слава за време на Светското првенство. Тој од анонимност дојде до статус на еден од најследените фудбалери во светот, а најголемиот на сите времиња,

Берзанска недела во бројки: 183,5 милиони денари промет, УНИ Банка најголем добитник

Изготвен од Илирика Инвестментс АД Скопје врз основа на официјални податоци од Македонска берза. Во периодот од 29.06.2026 до 03.07.2026 година, вкупниот промет на сите пазарни сегменти изнесуваше 183.513.999 денари. Од ова,

Меси и другарите се спасија од голем срам!(ВИДЕО)

ФОТО.facebook.com/AFASeleccionEN/ Лео Меси продолжува да испишува историја, а Аргентина продолжува да ја брани титулата откако вечерва во Мајами успеа да слави со. 3:2 против Зеленортските Осторви, а во 1/8 финалето “Гаучосите“ ги

Дали на повидок е најголемата сензација во историјата?! Аргентина и З.Острови ќе играат продолженија!(ВИДЕО)

ФОТО:facebook.com/fifaworldcup/ Аргентина – З.Острови 1:1 по регуларниот дел од мечот од 1/16 финалето кој се игра во Мајами. Па така овој натпревар оди во продолженија 2Х15 минути. Дали на повидок е најголемата
Go toTop