Макакр во училиште во Канада, најмалку 10 убиени, 25 ранети

February 11, 2026
1 min read

 Најмалку 10 луѓе се убиени, а 25-мина се ранети откако жена отворила оган во средно училиштето во Тамблер Риџ. според локалните власти, во училиштето се пронајдени седум мртви тела, меѓу кои и осомничената жена, чиј идентитет не се откриува,  а која си пресудила по убиствата. осмата жртва починало на пат кон болницата, а уште две безживотни тела се пронајдени во објект недалеку од училиштето Властите велат дека во интерес на истрагата, нема да споделат детали за жртвите.

-Тие (полицијата) беа на местото на настанот за две минути и нивната брза реакција да пристигнат до училиштето значи дека разорната трагедија беше спречена да стане значително полоша.Во моментов се контактираат семејствата, роднините и нивните најблиски. Во овој момент не можеме да споделиме никакви детали околу оние што загинаа,- -Дејвид Еби – Премиер на провинцијата Британска Колумбија.

Еден од сведоците кој бил во училиштето вели дека бил во една од училниците пред да го слушне алармот кој претходно никогаш не го слушнал. Сведочи дека директорката од ходникот почнала да вика да се затворат и заклучат сите врати.

-Ги барикадиравме вратите со железни табли и седевме во таа просторија околу два часа. Јас разговарав со мајка ми целото тоа време. Бевме заклучени околу 2 часа и 30 минути. Бев далеку бидејќи бев на левото крило од училиштето, па не слушнав ништо. Слушнав само неколку работи од моите соученици. Тие можеби слушнале истрели додека го возеа камионот за да биде поправен. -Дариан Квист – Сведок.

Од канцеларијата на канадскиот премиер, Марк Карни објавија дека премиерот поради настанот го откажал патувањето на Минхенската безбедносна конференција. Тој се огласи со статус на социјалните мрежи изразувајќи сочувство до фамилиите.

Овој напад е еден од најсмртоносните во поновата историја на Канада. Последно вакво имаше во 2020 година кога беа убиени 22 лица за 12 часа од страна на забар облечен како полицаец.

Извор: vecer.mk

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Проданоски и Андоновски на настан за дигитална безбедност во Прилеп

Следно

Барса без Рашфорд и Рафиња за куп-полуфиналето со Атлетико (М)

Latest from Blog

Контроли во казина и угостителски објекти во Карпош и Кисела Вода, констатирани прекршоци и изречени мерки

На 27/28 март 2026 во периодот од 20:00 часот до 03:00 часот, на подрачјето на општина Карпош и Кисела Вода полициски службеници од СВР Скопје извршија контроли во повеќе угостителски објекти и

Спортски објекти во Прилеп, Битола, Тетово се под лупа на МВР и ЈО, за базенот во Делчево се чека да стигне ревизорскиот извештај

Во врска со Градскиот базен во Делчево, не е постапено од причина што до ОВР Делчево до овој момент не е доставен ревизорскиот извештај. Во однос на другите спортски објекти кои се
Go toTop