Снимено е убиството на 29- годишен фудбалер, главен осомничен е брат му (ВИДЕО)

February 10, 2026
1 min read

Главниот осомничен за убиството на 29-годишниот Пирес е неговиот сопствен брат, кој побегнал од местото, јавуваат аргентинските медиуми.

Клубот Алмирате Браун каде настапуваше Пирес излезе со соопштение во кое изразува сочувство до семејството на трагично загинатиот фудбалер.

– Клубот Алмирате Браун жали за загубата на Лукас Пирес, поранешен играч на нашата институција. Упатуваме најдлабоко сочувство до неговото семејство и најблиските во овој тежок период – објави клубот на својата официјална сметка, потсетувајќи на неговата улога во тимот.

Според локални извори, Лукас Пирес починал како последица на тешка повреда која настанала кога во контекст на расправија напаѓачот со стаклено шише му нанел длабока рана на десната подлактица, која зафатила артерија и предизвикало фатално крварење. Откако повредениот Пирес бил итно пренесен во болница, лекарите поради сериозноста на повредата не успеале да го спасат.

На интернет се појавија снимки од безбедносните камери на кои се гледа моментот на нападот, кога напаѓачот при вербална пресметка како оружје употребил парче стакло.

Извор: vecer.mk

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

По иницијатива на Ѓурѓај профункционира првиот национален онлајн медиум minoritete.al (малцинства.ал)

Следно

Елмас сигурен пеналџија, Комо го елиминираше Наполи од купот

Latest from Blog

ВИТКОФ И КУШНЕР МУ ПРЕДАДОА НА ПУТИН документ за крај на конфликтот во Украина – Трвди КРЕМЉ

Специјалните пратеници на американскиот претседател, Стив Виткоф и Џаред Кушнер, за време на разговорот со претседателот на Русија, Владимир Путин, разговараа за можните решенија за украинскиот судир, изјави претставникот на Кремљ, Јуриј

Николоски: Старата чаршија во Гевгелија повторно блеска

Старата чаршија во Гевгелија добива нов лик, а вечерната атмосфера дополнително го истакнува нејзиниот обновен изглед. Вицепремиерот и министер за транспорт и врски, Александар Николоски, порача дека реализацијата на проектот е резултат
Go toTop