Андоновски на Глобален дијалог во Будимпешта 2026: Стратешката соработка е клуч за градење отпорни системи во дигиталниот свет

February 10, 2026
1 min read

Министерот за дигитална трансформација, Стефан Андоновски, еден од главните говорници на Budapest Global Dialogue 2026, истакна дека стратешката соработка меѓу државите и партнерите е суштинска за градење отпорни институции, стабилни демократии и безбедна дигитална инфраструктура во услови на зголемени глобални предизвици.

Настанот започна со воведно обраќање на министерот за надворешни работи и трговија на Република Унгарија, Петер Сијарто, по што следуваа високи панел-дискусии посветени на глобалната безбедност, геополитичките промени и дигиталната трансформација.

Во своето обраќање, министерот Андоновски нагласи дека светот се наоѓа во период на длабоки и комплексни промени.

-Денес се соочуваме со меѓународен поредок кој е под притисок на повеќе фронтови, воени, финансиски и демографски. Мултиполарноста повеќе не е тема за дискусија, туку реалност со која мораме одговорно да управуваме, истакна Андоновски.

Тој предупреди дека сајбер-нападите врз критичната инфраструктура не се виртуелна закана, туку реален ризик со директни последици врз државите и секојдневието на граѓаните.

-Кога болници, енергетски мрежи, водоснабдителни системи или финансиска инфраструктура се мета на сајбер-напади, последиците се длабоко реални – нарушени животи, ослабени институции и зголемен ризик од ескалација, порача министерот.

Андоновски посочи и на опасностите од дезинформациите и технолошките зависности:

„Кога дезинформациите ја разоруваат јавната доверба, демократиите потешко функционираат, а општествата ја губат кохезијата. Кога синџирите на снабдување со критични технологии стануваат средство за притисок, тогаш суверенитетот станува условен.“

Од перспектива на Република Македонија, како членка на НАТО и држава со јасна евроатлантска ориентација, министерот нагласи дека отпорноста на државите е темелот на секое успешно партнерство.

-Ние сме мала држава, но се наоѓаме на пресек на региони, пазари и стратешки интереси. Знаеме дека сојузништвата се клучни, но исто така знаеме дека силата на секој сојуз зависи од отпорноста на секој негов член, истакна Андоновски.

Тој нагласи дека сајбер безбедноста мора да се третира како национална безбедност, а не како техничка формалност.

„Сајбер безбедноста не смее да биде додадена на крајот од проектите. Таа мора да биде вградена во начинот на кој функционираат Владите, како се набавува инфраструктурата, како се испорачуваат јавните услуги и како се управува со кризи.“

Во вториот дел од обраќањето, министерот Андоновски се осврна на значењето на дигиталната трансформација за јакнење на јавната доверба.

„Дигиталната трансформација треба да ја направи државата потранспарентна, подостапна и поодговорна. Кога граѓаните добиваат ефикасни услуги, а бизнисите работат во предвидлива и безбедна средина тогаш се зајакнува општествениот договор меѓу државата и граѓаните.“

Министерот истакна дека стратешката соработка мора да биде конкретна и оперативна:

„Тоа значи заедничка борба против сајбер-криминал, измами и рансомвер, споделување на најдобри практики, градење релации за брз одговор на инциденти и јакнење на нормите што го намалуваат ризикот од погрешни проценки и ескалација.“

Во рамки на својата посета на Будимпешта, министерот Андоновски ќе оствари неколку билатерални средби со високи владини претставници, како и посета на Министерството за енергетика на Република Унгарија, при што ќе се разговара за можностите за унапредување на соработката во областа на дигиталната трансформација, сајбер-безбедноста и поврзувањето на енергетските и дигиталните системи.

Извор: kurir.mk

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Зимски услови на државните патишта: Намалена видливост на планинските премини, внимателно возење

Следно

Пезешкијан: Иран не бара војна, економскиот притисок има за цел да ја оцрни владата

Latest from Blog

Проданоски: Детските насмевки се најголемата победа на велосипедската трка

Над 200 деца учествуваа на „Ептен мини детската велосипедска трка“, која денеска се одржа на булеварот „Гоце Делчев“ во Прилеп. Најмладите велосипедисти возеа со поддршка од родителите и најблиските, проследени со аплаузи

Општина Битола: Училиштата добиваат обновени терени, продолжува изградбата на спортските сали

Изградбата и реконструкцијата на 24 училишни спортски терени и четири типски спортски сали ја одбележуваат годинава во Битола, информираат од Општината. Дел од проектите се завршени, додека останатите се во фаза на

Николоски: Околу шест милиони евра инвестираме во инфраструктурниот развој на Кичево

Заменик претседателот на Владата и министер за транспорт, Александар Николоски, денеска оставри работна посета на општина Кичево, каде со градоначалникот Александар Јовановски изврши увид во реконструкција на улица Рудничка. Ова е проект

ИЗИР: Македонија не смее да го пропушти моментумот за одржливо искористување на минералните ресурси

Македонија не смее да го пропушти моментумот што се создава во Европа во однос на обезбедувањето критични минерални суровини и да дозволи потенцијалот на домашните наоѓалишта, меѓу кои и Иловица–Штука, да остане

Општина Битола: Градот го слави ослободувањето низ „Сите бои на сеќавањето“

Под слоганот „Сите бои на сеќавањето“, Битола го одбележува 4 Ноември, Денот на ослободувањето на градот, со програма што ги поврзува историската меморија, културата, спортот и хуманоста. Настаните се одржуваат од 30
Go toTop